Одлични вести: Се враќаат играчките „чипичан“

Одлични вести: Се враќаат играчките „чипичан“

Во кината го гледаме Аладин, Spice Girls имаат турнеја, од Motorola ќе прават уште една верзија на телефоните Razr… Изгледа 2019-та е година на носталгијата, па не е ни чудно што оваа година се враќаат и познатите играчки „чипичан“.

Одлични вести: Се враќаат играчките „чипичан“

Овие дигитални миленичиња, кои сигурно повеќе ви биле како обврска наместо игра, се продаваат на Аmazon и се идентични реплики на играчките што ги сакавме во детството.

Во описот на онлајн продавницата пишува: „Оригиналното чипичан дигитално милениче што го сакавте во 1997-ма се враќа со оригиналната програма!“

Сега повторно ќе можете да ги вклучувате и исклучувате светилките, да го лекувате миленичето, да пуштате вода откако ќе оди во тоалет, да го проверувате неговото здравје и повторно ќе ви кажува дали е среќно, нахрането и чисто.

Ќе можете да го одгледате дигиталното милениче од јајце, до дете, па до возрасно и потоа да одберете едно од 7-те возрасни миленичиња.

Направени од јапонската компанија Bandai, играчките чипичан првпат се појавија во 1997-ма година и набрзо станаа најпопуларната играчка во 90-тите. Сепак, тие нè научија на основна одговорност и ни покажаа како избегнувањето на обврските може да го убие дигиталното милениче.

За разлика од вистинското милениче, со чипичан играчката можете само да ја рестартирате играта и да почнете одново.

Пред неколку години, експертот за играчки Питер Џенкинсон изјавил:

„Ова беше првата вистинска играчка ‘во реално време’. Немаше потреба да ја терате да прави работи, туку таа правеше работи на кои вие моравте да реагирате. Секогаш беше вклучена, секогаш беше со вас, речиси и да немавте контрола над неа и без сомнение, тоа беше првото виртуелно милениче што се однесуваше како да има свој карактер или судбина. На некој начин, беше ран пример за тоа како би изгледала вештачката интелигенција. Беше навистина пред своето време и иако технологијата значително се разви изминативе две децении, нашата љубов и носталгијата сè уште не исчезнаа.“

Погледнете и со какви играчки си играат децата ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар