Дали ја одбивате вашата сродна душа од себе?

Доколку мислите дека не постои голема љубов и дека тоа се случува само во романтичните филмови, престанете со тоа. Нормално е да ги носите овие стравови, а доколку не работите на себе, само ќе ја одбивате вашата сродна душа.

Дали ја одбивате вашата сродна душа од себе?

Многу е поедноставно да бидете во обична врска, да заработувате малку, да се жалите дека ви е тешко и да ширите тага, отколку да преземете контрола над животот.

Сето ова ви е полесно бидејќи кај вас постојат потсвесни чувства и уверувања кои ви велат дека е опасно да имате голема љубов, многу пари и добри нешта. Една од најчестите блокади е мислењето дека ќе ве отфрлат ако сте поразлични, дека нема да бидете прифатени, дека ќе останете сами и ќе ја изгубите љубовта од другите.

Постојат многу блокади кои не ѝ дозволуваат на љубовта да дојде во вашиот живот. Често не знаете како да ја примите или дадете таа љубов, никој не ви покажал, немате искуство и мислите дека другата личност ќе ве повреди доколку ѝ се отворите. Страв ви е од сродната душа бидејќи таа ги знае сите ваши слаби точки, предобро ве познава. Ова се личности кои можат да ви дадат најмногу, но истовремено можат да ве повредат најмногу.

Исто така ви е страв да го напуштите познатиот терен и да излезете од удобната зона. Сте научиле да живеете без љубов бидејќи на тој начин сте посигурни. Можно е и некогаш одамна да сте си кажале дека ќе бидете сами, бидејќи така полесно ќе се развивате. Понекогаш верувате дека не сте доволно добри или привлечени за љубовта да дојде во вашиот живот. А можеби пак сте имале толку многу врски и сте изгубиле делчиња од душата кои останале со другите луѓе.

Во тој случај, од универзумот барате никој да не може да влезе во вашиот живот. Доколку имате некои од овие потсвесни блокади можно е воопшто да не ја препознаете, па дури и да ја избркате сродната душа. Ако започнете врска, таа нема да трае. Од некоја причина нема да ја препознаете. Најчесто ова се случува кога не постои здрава комуникација помеѓу партнерите, кога не се слушаат, кога ги потиснуваат чувствата наместо да ги искажат.

Тогаш доаѓа до раскинување, развод, па дури и болести. Се случува во врската да исчезне романтиката, па дури и хемијата која ја чувствувале партнерите. Тие како да стануваат пријатели и ништо повеќе. За да се осигурате дека ќе ја привлечете сродната душа, мора да работите на себе. Мора да се засакате и прифатите, а на крај да си простите. Тогаш ќе можете да привлечете исто таква личност, со која животот ќе ви изгледа добро.

Луѓето привлекуваат повеќе негативни отколку позитивни работи. Кога ја барате сродната душа, важно е да бидете внимателни со желбите, бидејќи можете да го добиете токму тоа. Имено, кога вистински сакате нешто, имате дури 80% шанси да го добиете. Освен физичките карактеристики, треба да барате сродна душа со одлики како љубов, искреност, разбирање, верност…. Често луѓето мислат дека односот со сродната душа ќе биде совршен, без расправии, без недоразбирања. Но, ова е нереално. Исто така, ако очекувате сродната душа да ве исполни, спаси, да ви донесе среќа или да ви ги реши проблемите, тогаш сте на погрешен пат.

Ова се нешта што самите треба да ги направите, а дури потоа можете да се надевате дека сродната душа ќе ви помогне да станете посилна личност.

Сродните души се препознаваат од минатото. Тие патуваат заедно низ просторот и времето и кога ќе се сретнат чувствуваат хемија, интимност, љубов и блискост како да не знаат за ништо друго. Ќе ви биде убаво со оваа личност, ќе сакате да ја гледате и да минувате време со неа. Тоа ќе ви дава мотивација, ентузијазам и енергија. Се разбира, потребно е и другата личност да го чувствува ова.

Доколку чувствата не се обострани, тогаш можеби ова не е вистинското време и треба да почекате. Сродната душа треба да ви го олесни животниот пат, а не да го направи потежок. Доколку мислите дека сте со вашата сродна душа, но нештата не се одвиваат најдобро, тогаш треба и двајцата да работите за напредок. Доколку ни тогаш не успева, можеби треба да најдете друга сродна душа – секој од нас има по 2-3 компатибилни души.

Некои од знаците дека сте ја сретнале сродната душа се треперење, трпнење по телото и интензивно работење на срцевата и сакралната чакра. Најважното е да верувате дека сте вредни и достојни за љубов, дека сте подготвени да ја пречекате во вашиот живот и да знаете што сакате и да не се плашите.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар