Обожавате чај? Психолозите велат дека овие особини се заеднички кај сите љубители на овој топол пијалак

Чајот содржи состојки што го опуштаат мозокот, па затоа и оние што редовно го консумираат се посмирени и подобри ги користат сите свои капацитети. Од друга страна пак, ако често пиете чај, постојат големи шанси дека имате бујна фантазија што ве прави значително покреативни од оние што го избегнуваат овој топол пијалак.

obozhavate-chaj-psiholozite-velat-deka-ovie-osobini-se-zaednichki-kaj-site-ljubiteli-na-ovoj-topol-pijalak-www.kafepauza.mk

Тим психолози од Универзитетот во Пекинг објавиле истражување во кое биле вклучени 50 студенти во раните 20-ти години. Половина од студентите редовно пиеле црн чај, додека останатите пиеле обична вода во истите количини. Психолозите ги следеле нивните когнитивни и креативни вештини преку разни тестови.

За првиот тест, студентите требало да креираат зграда од блокови со различни облици и големини, а за другиот тест тие требало да смислат име за ресторан. Нивните резултати потоа биле анализирани од експерти што не учествувале во тестирањето. Резултатите покаже дека студентите што секојдневно консумирале чај имале повисоки оценки за креативност на двата теста.

Психолозите предложуваат пиење чаша чај пред која било сложена задача со цел да ги зголемите вашите когнитивни вештини и креативни способности. Сепак, тоа не значи дека луѓето кои долго пијат чај ќе станат покреативни. Чајот содржи состојки што го опуштаат мозокот, дозволувајќи ѝ на веќе постоечката креативност да излезе на површина. Тоа значи дека веќе треба да бидете малку креативни за таа да може да дојде до израз.

Прочитајте ги и овие корисни придобивки од црниот чај за кои сигурно не сте чуле досега.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар