5 вештини што ви се потребни ако сакате да изградите успешен онлајн бизнис

5 вештини што ви се потребни ако сакате да изградите успешен онлајн бизнис

Веќе некое време живееме во нова, дигитална ера во која без разлика на видот на вашиот бизнис, ако тој не постои онлајн, исто е како да го немате. Па, доколку размислувате како да ја почнете својата Интернет авантура и да изградите онлајн бизнис царство, тогаш погледнете ги следниве вештини што мора да ги поседувате.

5-veshtini-shto-vi-se-potrebni-ako-sakate-da-izgradite-uspeshen-onlajn-biznis-www.kafepauza.mk

1. Изградба на веб-сајт што ќе привлекува внимание

Размислете, кога шетате низ центарот на градот, кои излози најмногу ве привлекуваат? Сигурно оние што се добро организирани и дизајнирани. Непрактичниот и застарен веб-сајт може да го „убие“ вашиот онлајн бизнис. Луѓето сакаат лесно достапни информации за кои не треба да се мачат да ги добијат, додека истовремено сакаат да бидат забавувани од дизајнот на кој се сместени тие информации.

2. Пишување текстови што „продаваат“

Без разлика на тоа дали водите класичен блог или веб-сајт за продажба, потребен ви е квалитетен пишан материјал што ќе ги маѓепса читателите. Држете се до оригинални текстови, што не се преведени или препишани, и вметнете нешто лично во нив, нешто што ќе биде специфично само за вас и по кое понатаму луѓето ќе ве препознаваат.

3. Видливост на Интернет небото

Ако го пребарате своето име или името на вашиот веб-сајт, дали тоа ќе излезе на првата или стои и првата страница? Исклучително е важно да бидете видливи на првата страница, а тоа можете да го постигнете само со оптимизација на вашиот веб-сајт (SEO). Иако ова на прв поглед може да ви изгледа комплицирано, лесно се наоѓаат курсеви или професионалци што ќе ви помогнат да тргнете во вистинската насока.

4. Зацврстување на брендот преку социјалните мрежи

Фејсбук, Инстаграм, Твитер… ова се само неколку од најпопуларните социјални мрежи што ќе ви помогнат брзо и едноставно да ја промовирате вашата работа. Но, мора да бидете исклучително внимателни при испраќањето на вистинската порака со цел да ги привлечете вистинските луѓе. Доколку продавате скапоцен накит, комуникацијата со тинејџери не може да ви помогне, бидејќи тие немаат ниту интерес, ниту доволно финансии за него. Прво одредете ја својата целна група, а дури потоа барајте ја на социјалните мрежи.

5. Редовен креативен и интересен билтен

Сакате да ги задржите љубителите на вашиот бренд во близина? Најдобриот начин да известувате за новитети во вашиот бизнис е билтенот. Тој треба да биде тематски, со интересна содржина, и најчесто испраќан на точно една недела за да го задржувате вниманието на вашите читатели, без притоа да им досадувате.

Учете од најдобрите универзитети во светот: 15 бесплатни онлајн курсеви за водење бизнис!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар