Ново истражување покажало дека алкохолот е поштетен за мозокот од канабисот

Што е подобро за вас, канабис или алкохол? Можеби конечно има одговор на ова прашање благодарение на истражувањето спроведено од страна на Универзитетот во Колорадо.

Ново истражување покажало дека алкохолот е поштетен за мозокот од канабисот

Според истражувањето, алкохолот повеќе го оштетува мозокот од канабисот. Научниците исто така заклучиле дека долгата изложеност на канабис нема влијание на големината и интегритетот на сивата мозочна маса. Сивата маса ја овозможува функцијата на мозокот, додека белата маса ја контролира комуникацијата.

Професорот Кент Хачисон изјавил:

„Додека марихуаната може да има некои негативни последици, не е ни приближно толку лоша колку алкохолот.“

Кент додал и дека истражувањата за менталните ефекти на канабисот сè уште се премногу ограничени.

„Кога станува збор за употребата на марихуана, постојат многу работи што не ги знаеме за тоа како влијае на мозокот“, изјавил Рејчел Тајер, авторот на истражувањето.

Тимот сака да продолжи со истражувањето бидејќи верува дека нема конзистентност помеѓу сите истражувања.

„Кога внимателно ќе го погледнете истражувањето, ќе сфатите дека голем дел од него не е точен. Кога ќе ги разгледате истражувањата од минатите години, ќе забележите дека едно истражување тврди дека употребата на марихуана е поврзана со намалување на волуменот на хипокампусот (делот од мозокот одговорен за меморија и емоции). Друго истражување тврди дека употребата на марихуаната е поврзана со промена во церебелумот. Едноставно нема конзистентност кај овие истражувања. Имаме уште многу работа“, изјавил Хачисон.

Тимот се согласува дека потребно е уште време пред канабисот да се гледа како важен дел од животот. Ова е најмногу поради загриженоста на луѓето за влијанието на канабисот кај различни возрасни групи, за справувањето со болка и за можната зависност.

„Кога ќе се земе предвид колку многу работи се случуваат со движењето за легализација, имаме уште многу работа“, изјавил Хачисон.

Во САД речиси половина од државите ја легализираа марихуаната. Рекреативната марихуана е дозволена во Вашингтон, Орегон, Калифорнија, Алјаска и Колорадо.

Погледнете и некои од здравствените придобивки од марихуаната.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар