Носорог сираче и неговиот пријател ќе го стопат вашето срце

Понекогаш врските и пријателствата доаѓаат од најнеобичните места, како на пример луѓето со нивните домашни миленици. Иако овие врски можеби не се споредуваат со човечките, нашите миленици сепак ни даваат утеха кога не ја добиваме од другите.

Носорог сираче и неговиот пријател ќе го стопат вашето срце

Истото може да се случи и кога некое животно ќе остане сираче или ќе го изгуби семејството. Како бебиња, и на животните им е потребно поврзување со други од нивниот вид. Сепак, комфорот, топлината и љубовта се нешта што им се потребни на сите.

Во Јужна Африка во засолниште за носорози настанало едно неверојатно пријателство. Бебето носорог по име Маранг, што значи зрак светлина, било старо само 10 дена кога пристигнало во засолништето. Спасувачите го нашле до неговата мајка која била убиена од ловци.

Носорог сираче и неговиот пријател ќе го стопат вашето срце

Маранг бил премногу мал и млад за да го сместат со другите носорози, па поминувал многу време сам. Знаејќи ја важноста на социјализирањето кај животните со други животни, негувателите биле загрижени дека Маранг не ја добива потребната социјална интеракција.

Но, тогаш се случило нешто навистина чудно и прекрасно. Негувателите биле пресреќни кога едно мало јагне по име Елса се заинтересирало за Маранг. Елса, која и самата е сираче, била ненамерно одделена од нејзиното семејство кога ја транспортирале од фармата и наводно ја разбира болката на Маранг. Додека тој оздравувал, Елса одела во неговата соба, легнувала до него и му правела друштво.

Носорог сираче и неговиот пријател ќе го стопат вашето срце

И Елса имала тежок период и пристигнала во засолништето кога имала само 5 дена. Страдала од подуеност, па хранењето било вистински предизвик. Никој не сакал да се откаже од неа и по многу обиди конечно почнала да се храни нормално и да ја зголеми својата тежина.

Штом Маранг бил доволно силен почнал да излегува надвор на сонце. Елса се разбира го следела и заедно го поминувале денот на сонце. Двајцата станале неразделни и се доказ дека пријателите се наоѓаат на најнеобичните места.

Носорог сираче и неговиот пријател ќе го стопат вашето срце

Сè уште ги поминуваат деновите заедно. Негувателите мислат дека дури и би спиеле заедно, но Елса знае да го исплаши Маранг со нејзиното блеење во ноќта. Ама којзнае, можеби еден ден ќе се навикне и на тоа.

Погледнете ги овие необични пријателства помеѓу животните.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар