Неверојатно прецизен психолошки тест со само 2 прашања: Дали сте задоволни од својот живот?

Неверојатно прецизен психолошки тест со само 2 прашања: Дали сте задоволни од својот живот?

Често нè болат нештата што не можеме да ги промениме, па почнуваме да се лажеме себеси. Меѓутоа, оној момент кога ќе си ја признаеме вистината, можеби и можеме да направиме чекор кон напред и конечно да станеме тоа што отсекогаш сме можеле да бидеме! Токму затоа и решивме да го споделиме овој тест со вас. Епа ајде да почнеме.

Прашање број 1: Дали сте задоволни од својот живот?

Не размислувајте премногу и нема потреба да го запишете одговорот. Само искрено признајте си себеси.

Да претпоставиме дека сте си ја кажале вистината, и со оглед на тоа дека не постои личност која е целосно задоволна со својот живот, вашиот одговор најверојатно би изгледал отприлика вака: „Не, не се сум задоволен/а од својот живот.“

Сите би сакале поинакви резултати, но подобро е да ја кажеме вистината.

Прашање број 2: Дали одлуките што ги носите се исправни, вистинити и дали вашите постапки се оправдани?

Повторно, без многу размислување, одговорете си искрено. Нема потреба да го запишете својот одговор.

Ако не патите од депресија, одговорот најверојатно ќе ви биде „Да“. Вие треба да сте свесни за своите одлуки и да знаете што ги правите нештата.

А сега, следуваат резултатите на тестот!!!

Прво сценарио: Вие лажевте и одговоривте на првото прашање дека имате фантастичен живот и дека сте навистина среќни. Исто така верувате дека носите само исправни одлуки.

Второ сценарио: Вие сте несреќни и го признавате тоа. Но, тоа е само затоа што размислувате за животот погрешно. Вие се споредувате со другите, и сосема погрешно го оценувате животот.

Трето сценарио: Лажевте за еден од одговорите. На пример, како би можеле да бидете несреќни, а да верувате дека правите сè како што треба? Или сте целосно среќни, а постојано да грешите?

Тоа што можете да го научите од овој тест е дека колку повеќе станувате несреќни, толку повеќе ги браните своите уверувања и постапки, а за потешкотиите ја кривите лошата судбина, околината или некоја личност…

Од друга страна пак, колку е личноста посреќна, толку повеќе си го преиспитува своето мислење и одлуките со цел следен пат да постапи подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар