Неверојатни музеи во кои можете да преспиете

За разлика од ликот Лери на Бен Стилер од филмот „Ноќта во музејот“ (Night at the Museum), ние никогаш нема да имаме среќа да ги видиме сите артефакти како оживуваат. Но, музеите во светот сега нудат нешто неверојатно за сите љубители на историјата, а тоа е преспивањето во нив. Да, точно прочитавте! Сите овие музеи ви даваат можност да имате едно од најдоброто едукативно преспивање.

(8) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Јавен музеј Милвоки, Висконсин

Со специјално организирани тематски преспивања, овој музеј им дозволува на родителите со деца од 6 до 12 години да ја искусат историјата преку настани како „Ноќни мистерии“ и „Антички светови“. Присутните можат да уживаат во активности како театарски претстави, лов на богатство, па дури и појадок следното утро.

(1) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Научен центар Карнеги, Питсбург

Лоциран во центарот на Питсбург, овој музеј нуди шоу во живо, филмови и тематски ноќи како „Морничава наука“ и „Поларен експрес“ за ноќните преспивања. Децата имаат можност да прават најразлични нешта, од гледање планетарно шоу до забава со изложба на роботи која содржи прекрасни реплики од филмот „Војна на ѕвездите“ (Star Wars).

(2) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Музеј за природни науки, Калифорнија

Овој музеј во Калифорнија нуди искуство за целото семејство. Децата можат да учат и да играат во тематски кампови, а оние кои се над 21 година, можат да уживаат во фантастична музика во живо, уметнички проекти и ловџиско искуство со домашно пиво и вино.

(7) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Британски музеј, Лондон

Британскиот музеј во Лондон е отворен за деца од 8 до 15 години, нудејќи им огромно искуство, водејќи ги низ различни култури. Сепак, за да можете да преспиете овде, треба да сте зачленети.

(3) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Музеј за природни науки, Лондон

Доколку некогаш сте во Лондон, не пропуштајте ја ноќта на „`Рчењето на Дино“, во Музејот за природни науки. Овој музеј нуди одделни настани за возрасни и за деца од 7 до 11 години. Децата имаат можност да истражуваат мистериозни патеки и да прават интересни маици, додека пак возрасните можат да направат тура околу галериите со изобилство на алкохол и музика во живо.

(4) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Интернационален шпионски музеј, Вашингтон

Овој музеј им овозможува на децата од 9 до 13 години заедно со нивните родители, многу повеќе работи од гледање на филмот „Деца од соседството“ (The Neighborhood Kids). Елаборативните костими и мистериозните кодови овозможуваат едукативно и возбудливо искуство.

(5) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Музеј на уметност – Рубен, Њујорк

Доколку сте љубител на уметноста, ова искуство не смеете да го пропуштите. Во овој музеј можете да дојдете со пижами и да се релаксирате пред спиење, додека размислувате за некое уметничко дело кое е специјално избрано за вас од страна на музејот.

(6) neverojatni-muzei-vo-koi-mozhete-da-prespiete

Погледнете ги и овие 7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар