7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Со векови, музеите се едни од најважните културни институции. Покрај тоа што тие се место каде што се чуваат и изложуваат уметнички дела, артефакти и други предмети, музеите се познати и по нивните програми за едукација, забава, но и неверојатна архитектура. Иако ширум светот постојат бројни музеи кои се неверојатно дизајнирани, овие 7 се најпознатите и би требало да ги знаете.

1. Лувр

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Познатиот музеј во Париз е еден од најпознатите примери каде што се сретнуваат старата и новата архитектура. Колекцијата на Лувр содржи уметнички дела и предмети од праисторијата до 19-тиот век и е сместена во поранешна француска ренесансна палата, чии крила се наоѓаат околу два огромни дворишта. Во еден од овие дворишта се наоѓа и познатата Пирамида на Лувр, модерна структура од стакло и челик.

Во 1983-та година, претседателот Франсоа Митеран го задолжил архитектот И. М. Пеи да дизајнира нов влез за музејот. Пеи ја смислил пирамидата која ги носи посетителите во осветленото подземно лоби на музејот. Неговиот концепт бил одобрен и изградбата завршила во 1989-та година. Оттогаш пирамидата е универзален симбол за популарниот музеј.

2. Соломон Р. Гугенхајм

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Покрај неверојатната колекција на модерна и современа уметност, музејот во Њујорк е познат и по неговиот архитект – Френк Лојд Рајт.

Како и другите дела на Рајт, и Гугенхајм го прикажува интересот на архитектот во органските форми. За разлика од острите рабови на околните градби, музејот има кружна силуета поделена на делови. Атриумот на музејот е врамен во спирална рампа инспирирана од школка, а на врвот се наоѓа прозорец што наликува на пајакова мрежа. Рајт започнал со проектот во 1943-та година. 15 години и 200 нацрти подоцна, музејот конечно бил отворен за јавноста.

3. Тејт Модерн

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Овој музеј не е изграден од нула. Градбата од тули и челик била станица за електрична енергија сè до 2000-та година. Станицата била изградена во 20-тиот век на јужниот брег од Темза. Откако затворила во 1981-ва година, постоел ризик од рушење. Но во 1994-та година, Галеријата Тејт изјавила дека овде ќе ги чува уметничките дела, а архитектите Херзог и де Меурон биле задолжени за реновирањето.

Зградата задржала голем дел од оригиналната архитектура, вклучувајќи го оџакот во средината. Во 2016-та година била додадена кула од 11 ката наречена Блаватник. Овој додаток нуди панорамски поглед кон Лондон.

4. Музејот на современа уметност Нитерои

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Нитерои е една од најпознатите туристички дестинации во Рио. Во лебдечката структура во форма на летачка чинија се влегува преку надворешна рампа и е едно од најпознатите дела на Оскар Нимајер.

Познат како „Пикасо за бетон“, Оскар е пионер во модерната архитектура и експерт за апстракција. Тој најчесто е фасциниран од природните форми. Оваа неверојатна структура од бел бетон била завршена во 1996-та година, а изградбата траела 5 години.

5. Музејот за уметност Денвер

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Овој музеј има неверојатна колекција која се протега низ многу векови и култури. Но архитектурата на главната зграда, градбата Фредерик К. Хамилтон, е современа.

Градбата била дизајнирана од Даниел Либескајнд и била завршена во 2006-та година. Структурата има 20 плочи од титаниум и челик кои се поврзани на тој начин што создаваат апстрактна форма. Даниел изјавил дека природната естетика е со намера, а една од музите била „веселата“ заедница на музејот.

6. Центарот Помпиду

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Центарот Помпиду во Париз е дестинација за уметност од 20-тиот век. Во музејот се наоѓа најголемата колекција на модерна уметност, па неговата архитектура совршено се совпаѓа.

Музејот бил дизајниран од Рензо Пиано, кој добил и наградата за дизајн во 1971-ва година. Неговиот дизајн вклучува „изложен“ екстериер што ја открива шарената инсталација – цевките за вентилација се со сина боја, струјата е со жолта, цевките за вода се зелени, а ескалаторите и лифтовите црвени. Со овој концепт, музејот е буквално превртен наопаку.

7. Гугенхајм

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае

Во 1991-ва година фондацијата Соломон Р. Гугенхајм изјавила дека планира да направи нов Гугенхајм музеј во Билбао. За дизајнот бил задолжен Френк Гери. Барајќи инспирација во локалниот пејзаж, Френк замислил екстериер кој врамува атриум во форма на свет. Материјалите користени за изградбата – стакло, камен и титаниум, совршено се вклопуваат со индустриското опкружување на музејот. Од отворањето во 1997-ма година, градбата била пречекана со многу позитивни критики.

Погледнете и кои се музеите што можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар