10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Уметноста е моќна алатка која ги инспирира луѓето на дневна база и нѐ потсетува колку навистина светот е убав и разновиден. За жал, често немаме доволно пари или време да ги посетуваме музеите ширум светот и да уживаме во уметничките ремек-дела од минатите векови. Но, за среќа постои едно решение кое без сомнение ќе ви се допадне. Неверојатниот проект „Google Art“ ни нуди виртуелни тури низ најзначајните светски музеи. Па, ајде да започнеме со најинтересните.

1. Музејот на модерна уметност во Њујорк

10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Овој познат музеј е еден од најпосетените во светот. Но без разлика на името, во него не се изложени само современи уметнички дела. Највредните дела во колекцијата ги вклучуваат „Ѕвездена ноќ“ од Винсент ван Гог и „Надеж II“ на Густав Климт. Виртуелната тура ни овозможува и детално разгледување на невообичаените изложби кои вклучуваат оригинални костими, фотографии, постери, скулптури и многу други дела.

2. Националната Галерија во Лондон

10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Овде лесно можете да го поминете целиот ден без воопшто да ви стане досадно. Светски познатата колекција во музејот опфаќа уметнички дела од 13-от до 20-от век. „Мадона на карпите“ од Леонардо да Винчи и „Венера и Марс“ од Сандро Ботичели се само дел од најзначајните слики изложени овде.

3. Старата национална галерија во Берлин

10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Овој германски музеј е дом на голема колекција дела од 19-от век, која ги покрива сите главни стилови, вклучувајќи го класицизмот, романтизмот, импресионизмот и раниот модернизам. Особено вредни за споменување се следните дела: „Во конзерваториумот“ од Едуард Мане, „Бранот“ од Густав Курбе и „Монах покрај морето“ од Гаспар Дејвид Фридрих. Можете да направите виртуелна тура низ сите соби од музејот, а интересно е што на некои од изложените дела им недостасува потпис.

4. Версај

10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Благородничката висока класа е очигледна насекаде низ овој музеј. Со виртуелната тура не само што ќе имате шанса да уживате во славните слики, меѓу кои се и „Смртта на Марат“ од Жак-Луј Давид, „Ребека и Елизе“ од Паоло Веронезе и „Херкул и Телефус“ од Жан-Баптист Жувене, туку исто така ќе имате можност да видите и како се менувала една од најлуксузните палати во светот низ вековите.

5. Државната галерија Третјаков

10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Вљубениците во уметноста овде ќе ја најдат најголемата колекција дела која е посветена на руските уметници. Меѓу позначајните дела се „Црното море“ од Иван Ајвазовски, „Смарагден ѓердан“ од Виктор Борисов-Мусатов, „Девојката со праските“ од Валентин Серов и „Дамата во сино“ од Константин Сомов.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар