Наместо да каже „ДА“, на денот на свадбата таа прочитала пораки од аферата на нејзиниот вереник

Кејси стоела на олтарот пред нејзините пријатели и семејство на она што требало да биде најсреќниот ден од нејзиниот живот. Но, настанот се претворил во крајот на 6-годишната врска.

Неверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереник

Кејси мислела дека нејзиниот тогаш иден сопруг Алекс бил вистинскиот за неа. Но, ноќта пред свадбата добила порака што променила сè. Додека била на нејзината моминска забава, добила неколку слики од непознат број и едноставна порака: Јас не би се омажила за него. А ти?

На сликите се наоѓал разговор помеѓу Алекс и друга жена, а имало и неколку селфи фотографии од нив. Доказите за аферата почнувале од пред неколку месеци, и траеле сè до неколку денови пред свадбата.

Неверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереник

Кејси била уништена и се прашувала како можел тој да ѝ направи нешто такво. Нејзините пријателки ја советувале веднаш да ја откаже свадбата, но Кејси била премногу шокирана за да одлучи.

„Секој збор беше како нож во моето срце, а до свадбата имаше само неколку часа. Како можев да откажам кога сите веќе допатуваа за да бидат таму и сè беше платено?“

Следниот ден Кејси донела одлука – венчавката ќе се одржи, но со мали промени.

Неверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереник

„Одев кон олтарот со тешки чекори, мојот фустан од соништата сега беше само костим. Кога ми го виде лицето знаеше дека тоа не е жена возбудена за нејзиниот голем ден, но не знаеше што следува.“

На олтарот Кејси изјавила:

„Денес нема да има венчавка. Изгледа дека Алекс не е личноста којашто мислев дека е.“

Потоа го извадила телефонот и почнала да ги чита пораките од сликите што ги добила:

„Овој викенд. Ти и јас. Донеси го најдоброто од тебе.“

„Твоето тело е неверојатно. И како знаеш да го користиш. Посакувам девојка ми да имаше барем половина од твоите вештини.“

„Премногу ми недостасуваш. Не можам да престанам да мислам како те е**м. Никогаш не сум имал ваква поврзаност порано.“

Неверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереник

Храбрата девојка го погледнала безбојното лице на нејзиниот поранешен вереник. Без збор Алекс излегол од црквата. Тогаш Кејси им се обратила на гостите:

„Ве сакам сите и колку и да е ужасно ова, мило ми е што сте овде. Нема да има свадба, туку ќе има прослава за искреноста, наоѓањето на вистинската љубов и следењето на вашето срце, дури и кога боли.“

Иако ништо од венчавката не се одвивало по планот, според Кејси, забавата била неверојатна.

Доколку и вие сте преживеале тешко раскинување и сакате да се одмаздите, овие совети ќе ви помогнат да го направите тоа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар