3 инспиративни факти за животот на Арета Френклин

Кралицата на соул музиката почина оваа година на 76-годишна возраст од рак на панкреасот. Родена во Мемфис во 1942-ра година, Арета пораснала во Детроит. Како и многу пејачи, и Арета ја почнала нејзината музичка кариера во црква на многу рана возраст. Успехот го доживеала многу години подоцна, но никогаш не ѝ било жал што морала да работи за него.

3 инспиративни факти за животот на Арета Френклин

Арета ја ценела напорната работа што ја однела до врвот. Нејзината работна етика е само едно од нештата што можеме да ги научиме од еден од најголемите музички таленти.

1. Напорната работа ја направила Кралица на соул музиката

До 10-годишна возраст, Арета веќе пеела во црквата на нејзиниот татко. Тој го забележал нејзиниот талент и ја охрабрувал да пее. Арета редовно пеела во црквата во Детроит каде што нејзиниот татко бил свештеник, сè до нејзината 18-годишна возраст. Дури и откако го започнала нејзиното неверојатно музичко патување, Арета ѝ останала верна на црквата и редовно изведувала и таму.

Нејзиниот прв договор со Columbia Records не ѝ донел многу голем успех, па Арета се префрлила во Atlantic Records и го открила нејзиниот вистински глас во соул музиката. Наскоро се наоѓала на врвот на топ-листите со прекарот Кралица на соул музиката.

Дури и со намалувањето на популарноста на овој жанр, Арета останала икона. Таа изведувала со Елтон Џон, Џорџ Мајкл, Rolling Stones, па дури добила и неверојатни критики за нејзината изведба на Греми наградите во 1998-ма година.

2. Ја знаела нејзината вредност

Арета останала посветена христијанка целиот нејзин живот и нејзиниот талент му го припишувала на Бог.

„Пеењето е природен дар. Тоа значи дека го користам најмногу што можам дарот што ми го дал Бог.“

Но ова не значело дека таа не била свесна за нејзината напорна работа. Таа била првата жена што се нашла во Куќата на славните на рокенролот. И според списанието Rolling Stone, Арета секогаш ќе биде најдобрата пејачка на светот. Таа била свесна за нејзиниот статус и се чувствувала удобно со него.

„Доволно долго сум наоколу за луѓето да знаат која сум и кои се моите придонеси. Ме знаат малку повеќе од уметник. Мислам дека ме знаат и како жена.“

3. Славење на жените

Можеби најпознатата песна на Арета, „Respect“, до ден-денес останува симбол за женската моќ. Сепак, ова не е единствената песна на Френклин што ја слави женственоста и моќта на жените.

Иако речиси секој ја има слушнато песната, малкумина знаат за нејзиното потекло. Песната била женска химна долго пред Арета. Всушност, песната била за прослава на традиционалните семејни вредности. Во оригиналната верзија се пеело за тоа како мажот работи по цел ден поддржувајќи го семејството, па неговата жена мора да го почитува.

Штом Арета ја преработила песната, таа станала нешто сосема ново – песната ги поставила и мажите и жените на исто ниво.

Дознајте нешто и за моќните жени кои први постигнале нешто значајно во нивната област.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар