Една жена што се чувствува грдо побарала совет од Интернетот и одговорот на овој маж ги воодушеви сите!

Една корисничка на Редит решила да се отвори за љубомората што ја чувствувала кон жените кои се родени убави. Таа сметала дека не е „убава“ и дека никогаш нема да биде. Овие чувства за нејзиниот изглед имале влијание на нејзиниот живот и често ги обвинувала за негативните работи што ѝ се случуваат.

Неверојатен одговор на маж на прашање од жена која не се чувствувала „убава“

Таа ги прашала другите жени како се справуваат со фактот дека не им се привлечни на повеќето мажи.

Дами, како се справувате со тоа што не сте „убави“?

Не сум убава и никогаш нема да бидам. Можам да се нашминкам, да си ја средам косата, да носам убав фустан и високи потпетици и никогаш нема да изгледам како да сум 9-ка или 10-ка. Знам дека ова не треба да ми пречи, но ми пречи – сакам да бидам убава и навистина сум љубоморна што овие други девојки се родени убави. Како се справувате со тоа што не сте им привлечни на повеќето мажи? Како го прифаќате вашиот изглед и како се сакате себеси и покрај тоа? Отсекогаш сум се мразела поради тоа и сметам дека тоа е погрешно бидејќи сум добра личност, па зошто би било важно? За сè го обвинувам мојот изглед – не ѝ се допаѓам бидејќи сум грда, не бев поканета бидејќи сум грда, личноста што ме одмина направи гримаса бидејќи сум грда итн.

Ова прашање предизвикало лавина коментари со многу совети и искуства. Но, еден од коментарите навистина се истакнал и бил напишан од машка гледна точка. На многумина им се допаднала убавата и едноставна порака зад овој коментар.

Не се обидувам да одречам како се чувствуваш, туку само нудам перспектива што може да ти помогне. Верувај ми, знам како е да не си го сакаш телото. Бев повреден во Ирак и имам неколку неубави лузни и понекогаш ми е тешко да прифатам дека никогаш нема да бидам физички способен како порано.

Како и да е… сакам да можам да ти дадам пристап до главата на маж којшто се вљубува во жена. Ова е процес што е толку чуден, што мислам дека треба да го искусиш за да поверуваш. Но реален е исто колку смртта и даноците…

Понекогаш маж ќе сретне девојка и нема да помисли ништо за неа. Можеби е колешка, соученичка или пријателка. Ментално е категоризирана како „жена, познајник, неутрални чувства“. Тогаш почнува да ја запознава подобро. Им се совпаѓаат карактерите и нешто неверојатно се случува во умот на мажот.

Почнува да забележува нешта за нејзиниот изглед – убави нешта. Почнува мало – еден ден сфаќа дека сака да ја гледа облината на нејзиниот нос, или местото каде што увото ѝ се спојува со лицето.

Не е нешто што би можел да го опише, навистина… само гледањето на тој дел од неа прави да се чувствува убаво. Почнува да сака да го прави тоа почесто. Потоа забележува некој израз што го прави – можеби нејзината смеа, или начинот на кој ја извива веѓата кога е загрижена, и чувствува нешто во градите.

Ќе останат пријатели некое време, ќе се запознаат подобро.

И тогаш, еден ден, таа ќе го прегрне за збогување… и тој не може да престане да мисли на тоа. Одново и одново размислува за тоа – нејзините гради преку двете блузи, нејзините раце околу неговиот грб, нејзиниот мирис… овие мали ментални филмови се појавуваат додека вози некаде и ги отстрануваат вообичаените мечти.

Наскоро потоа мажот сфаќа дека кога и да ја погледне оваа жена, се чувствува добро. Ги сака нејзините линии, облини, звуци и мириси…

Како постепено да се претвора од црно-бела фотографија во 3Д филм во боја – совршен филм што прави да се чувствува убаво.

Почнува да се прашува како да ја задржи наоколу, да ја направи среќна. Сфаќа дека сака да гледа во неа повеќе од кое било друго човечко битие на Земјата.

За него таа е совршена и убава.

Мажот вљубен во жена не ја гледа таа жена објективно. Има филтер овде, или некој илузија. Тој не ја гледа личноста што вие ја гледате во огледалото. Тој гледа некој убав и совршен, а ова е најмоќното нешто во неговиот живот.

Погледни некој стар пар во брак со децении. Погледни ги очите на мажот. Секако, можеби му се допаѓа задникот на некоја млада девојка во хеланки… но гледај му ги очите кога ја гледа сопругата.

Ако обрнеш доволно внимание, речиси можеш да го видиш како се вклучува филтерот кога погледот му се насочува кон неа. Во тој момент тој не ја гледа старицата што ја гледаме јас и ти – тој гледа нешто прекрасно.

Ако не го преживеев ова и јас не би верувал. Но, вистина е.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар