Патување околу Земјата во реално време со 4K резолуција

„Orbit“ е реконструкција во реално време на тајмлапс фотографии направени од Интернационалната вселенска станица. Структурата на филмот е изградена околу последните три албуми на Phaeleh – „Lost Time“, „Illusion of the Tale“ и „Somnus“.

Патување околу Земјата во реално време со 4K резолуција

Според креаторот на филмот, Шон Доран, тонот и брзината на секоја песна имале влијание на избраниот материјал. Обично секоја тајмлапс секвенца била фотографирана со брзина од 1 рамка во секунда. Секоја секвенца била преработена во Фотошоп. Била направена и мапа за да се отстранат прашината, дамките и слично што би ја нарушило хармонијата. Секоја секвенца се состои од неколку слоеви кои кога ќе се маскираат и ќе се преработат на вистинскиот начин, го нудат последниот резултат. Должината на филмот е точно колку и орбитата на Интернационалната вселенска станица околу Земјата, односно 92 минути и 39 секунди. Погледнете го видеото и уживајте!

Погледнете ги и овие неверојатни фотографии кои ќе ви покажат колку всушност е мала Земјата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар