Неверојатен напуштен град со 350 копии од француски дворец

Дали некогаш сте слушнале за дупликатура? Ова е израз што се користи кога се дуплира некоја позната градба. Во Кина има многу примери за дупликатури, но овој град се наоѓа во друга држава.

Неверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворец

Уште од 1990-та година, Кинезите градат куќи кои се копии на познати градби ширум светот. Се користат евтини и неквалитетни градежни материјали, а за само неколку месеци се конструираат цели градови кои се дупликати на европската историја.

Проектот познат како „Бурџ Ал Бабас“ се наоѓа во Турција и е една од најбизарните идеи. Ова е мал град во кој се наоѓаат стотици мали замоци кои се копии на дворец во долината на Лоара, Франција. Проектот е започнат од групацијата Sarot и се наоѓа во северозападниот дел на државата. Но денес, за жал, ова е град на духови.

Неверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворец

Овде има точно 350 замоци кои се изградени уште во 2011-та година. Проектот бил наменет за богатите луѓе со ветување дека овде ќе има здравствени центри, салони за убавина, трговски центри, аква паркови, ресторани и забавни паркови.

Неверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворец

Секоја вила има 324 метри квадратни, а купувачите од Катар, Кувајт и Саудиска Арабија биле подготвени да платат и до 500.000 евра за еден замок. Сè одело по планот, сè додека целиот проект не прогласил банкрот пред крајот на минатата година.

Неверојатен напуштен град со 350 копии на француски дворец

Моментално Бурџ Ал Бабас има долг од околу 26 милиони евра, а групацијата очајно се обидува да продаде барем 100 замоци. Наредено е да прекине секаква работа на проектот и градот да се затвори. Креаторите ги обвинуваат муштериите кои ветиле дека ќе ги купат вилите, но не платиле ни денар. Сега сите куќи пропаѓаат, а од групацијата сепак се надеваат дека ќе ја надминат кризата за четири до пет месеци.

Прочитајте нешто повеќе за овие напуштени места од кои ќе ве полазат морници.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар