8 напуштени места од кои ќе ве полазат морници

8 напуштени места од кои ќе ве полазат морници

Постојат многу напуштени места низ светот, и секое од нив си има посебна приказна. Некои од овие места ќе ве воодушеват, додека некои ќе направат да се чувствувате исплашено. Погледнете ги 8-те напуштени места од кои навистина ќе ве полазат морници.

1. Централна станица Мичиген, Детроит

(1)8-apushteni-mesta-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-kafepauza.mk

Кога била направена во 1913 година, оваа градба била највисоката железничка станица во светот. Станицата била затворена во 1988 година, но во доцната 1990-та била отворена за јавноста. Подоцна истата година, станицата повторно била затворена поради неколку случаи со вандализам. Денес е затворена и е под надзор.

2. Припјат, Украина

(2)8-apushteni-mesta-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-kafepauza.mk

Припјат е вистински град на духови во северна Украина. На 27-ми април, 1986 година, по катастрофата во Чернобил, власта наредила итна евакуација на местото. Никому не му било дозволено да понесе какви било лични предмети со себе. Со цел да се избегне масовна паника, на луѓето им било кажано дека ќе може да се вратат дома за многу кратко време. Денес е релативно безбедно да се посети градот.

3. СС Америка

(3)8-apushteni-mesta-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-kafepauza.mk

Во 1941 година, бродот имал задача да пренесува војници. После војната, бродот бил претворен во патничко возило. Во 1980 година, новиот сопственик сакал да го претвори бродот во затвор. Во 1994 година, бродот отпловил во бура во Атлантскиот Океан и застанал на брегот на Канарските острови. Екипажот бил спасен со хеликоптери.

4. Островот Дискавери

(4)8-apushteni-mesta-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-kafepauza.mk

Овој остров бил изграден на земјиште поседувано од страна на Светот Волт Дизни во 1974 година. Бил отворен како атракција каде што посетителите можеле да ѝ се восхитуваат на многубројната фауна. Во 1999 година, центарот бил затворен и оттогаш е напуштен.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар