7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатно

Нормално е во 20-тите негата на кожата да ви биде сведена на отстранување на шминката пред спиење. Нормално е да живеете со полна пареа, да експериментирате, а спиењето од 4 часа да го сметате за бонус. Но додека да се освестите, веќе сте наполниле 30 години. Тогаш, кога ќе се погледнете во огледало ќе се исплашите од вашите подочници и новите брчки и нема да ви биде јасно што се случило. За да го избегнете ова, важно е да ги знаете следниве совети за убавина што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно и после 30-тата година од животот.

7 нешта што треба да ги научите до 30-тата година за вашата кожа да изгледа неверојатно

1. Чистете го лицето два пати дневно

Редовното чистење ќе го намали бројот на мртви клетки на кожата и вашиот тен ќе биде поубав. Чистото лице е совршена основа за производи против стареење.

2. Почнете да користите дневна и ноќна крема за лице

Со цел да ја спречите појавата на знаците на стареење, избегнувајте да користите една крема за секоја прилика. Ноќната крема ќе ја збогати вашата кожа со кислород и ќе ја подобри регенерацијата на кожата во текот на ноќта, а наутро навистина ќе ја забележите разликата.

3. Користете креми со заштитен фактор

Дури и ако сакате да фатите боја, мора да нанесувате заштитна крема на лицето секој ден. Важно е да го заштитите лицето дури и ако поголемиот дел од денот го поминувате во затворено. Ништо нема да го забави стареењето како заштитата од ултравиолетовите зраци. Најдобро е да одберете дневна крема за лице со заштитен фактор поголем од 15.

4. Вложете во апарат за пареа за лице

Овие апарати не се многу скапи, а се одлични за вас. Во водата можете да додадете и некое етерично масло, во зависност од она што сакате да го постигнете. Кога ќе ги отворите порите со пареа, продуктите за нега полесно ќе навлезат во кожата.

5. Избегнувајте го шеќерот

Консумирајте што повеќе зелена храна, а што помалку шеќер и кофеин. Шеќерите го забрзуваат процесот на стареење и предизвикуваат разни проблеми со кожата. Шеќерот во телото се врзува со протеините и клетките на колаген во кожата, а овој процес го забрзува создавањето на слободни радикали и воспаленија. Ова пак, им ја отежнува нормалната активност на клетките, па доаѓа од предвремено стареење на кожата.

6. Правилото АЦЕ

Почнете уште веднаш со земање витамини и применувајте го правилото АЦЕ:

  • Витамин А: Сладок компир, органски путер, зелен лиснат зеленчук, риба.
  • Витамин Ц: Пиперки, бобинки, брокули.
  • Витамин E: Ореви, лешници, бадеми, семиња.

Секој ден јадете по едно нешто од сите три групи и за многу брзо ќе ја забележите разликата на вашето лице.

7. Не се сите козметичарки добри

Најважното од сè е да не му го доверувате вашето лице на кого било. Не се добри сите козметичарки. Лошата нега може да ви создаде проблем кој после ќе ви биде тешко да го отстраните. Пред да отидете каде било, распрашајте се и слушајте препораки само од луѓе на коишто им верувате.

Дознајте кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар