Науката конечно го поддржа спиењето до доцна за време на викендите

Науката конечно го поддржа спиењето до доцна за време на викендите

Во текот на работната недела луѓето често спијат премалку, дел поради обврските, а дел и поради тоа што поминуваат многу време ноќе по социјалните мрежи. Сето тоа резултира со намалена концентрација и често проѕевање. Добрата вест е дека, нема засекогаш да ви недостига сон.

Науката конечно го поддржа спиењето до доцна за време на викендите

Во последната студија поврзана со спиењето, тим од невролози и епидемиолози презентирале една лоша и една добра вест. Лошата е дека недостатокот од спиење го зголемува ризикот од прерана смртност, додека пак, добрата е дека она што не сме го „отспале“ преку неделата, можеме да го надополниме за викенд. Тие заклучиле дека луѓето кои преку работните денови спијат по околу 5 часа, а за викенд спијат помеѓу 7 и 9 часа, не покажуваат зголемен ризик од смртност, споредено со оние кои не спијат ниту за време на викенд.

Според истата студија, луѓето под 65 години, кои спиеле помалку од пет часа за време на викенд, имаат 52% поголем ризик за смртност, а ефектот се зголемувал како што поминувале годините. Кај оние кои спијат секој ден помалку од пет часа, ризикот за смртност расте и до 65%, додека пак, кај оние кои цело време спијат повеќе од девет часа, ризикот изнесува 25%.

Науката конечно го поддржа спиењето до доцна за време на викендите

Оваа студија, всушност, го потврдува она што веќе го знаеме. Потребно е да спиеме онолку колку што можеме, дури и ако тоа значи да ја надополнуваме разликата за време на викенд. Најдобро е да се обидете да имате константен сон преку целата недела, за да можете да бидете продуктивни и да работите со целиот капацитет кој го поседувате.

Тезата изнесена во оваа студија бара и подлабоко и подетално истражување на поврзаноста на квалитетниот сон со животниот век, но општиот совет на тимот кој ја изработи студијата е дека секој треба да спие 6-7 часа во текот на ноќта. Доколку тоа е невозможно, потребно е да си дозволите некој час повеќе за време на викенд, но тоа нека не бидат повеќе од 8-9 часа.

Прочитајте и зошто спиењето со чорапи е добро за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар