Научно потврдено: Убавината навистина доаѓа одвнатре

Тоа дека убавината доаѓа однатре не е клише, сега е и научно потврдено. Од сите научни истражувања за убавината кои некогаш се објавиле, ова е единственото кое вреди да се прочита.

Научно потврдено: убавината навистина доаѓа одвнатре

Новото истражување на академскиот журнал Карактер и индивидуални разлики (Personality and Individual Differences), докажува дека тоа како околината го перципира вашиот карактер влијае многу на нивото на вашата привлечност во туѓите очи. Со цел да се спроведе ова истражување, три групи мажи требало да оценат 60 кандидатки според нивото на привлечност. Најпрво лицата на кандидатките не покажувале апсолутно никакви емоции. По две недели на мажите им била дадена задача да ги оценат сосем истите кандидатки, само што овој пат на лицата на кандидатките јасно се гледале разни емоции. Тие покажувале среќа, лутина, искреност и сл. Емоциите биле поделени во три групи, и тоа, една група добила само негативни емоции, една само позитивни, а трета повторно неутрални.

Резултатите се следни: иако во првото оценување мажите ги оцениле кандидатките слично, во второто оценување онаа група жени кои имале позитивни изрази и емоции на лицата биле оценети како попривлечни.

Во време кога секојдневно излегуваат голем број истражувања, текстови и совети за тоа како треба да изгледа една жена, за тоа што треба да поправите на себе или какви жени мажите преферираат, едно вакво едноставно истражување е навистина добредојдено. Тоа нè враќа на самата основа на нештата, на времето кога бевме мали и нашите мајки ни велеа дека битен е карактерот. Она што сте вие, енергијата која ја пренесувате, емоциите кои ги искажувате ве прават привлечни и убави. Таква убавина продолжете да ширите секојдневно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар