Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Сите уживаме во прекрасниот поглед на езеро, море, океан, река. Често знаеме да кажеме дека чувствуваме некаква посебна смиреност кога сме покрај вода. Одморите покрај големи води се најпопуларните низ светот и асоцираат на релаксација и квалитетно поминато време. Поради тоа, не сме зачудени од резултатите на неодамна спроведената студија, којашто потврдува дека водата е добра за психичкото здравје на човекот.

(0) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Студијата, објавена во магазинот „Health and Place“, укажува на тоа дека луѓето кои живеат блиску до вода имаат подобро ментално здравје од оние кои немаат водени површини во својата близина. Иако досега се веруваше дека оние кои се опкружени со шума имаат поголеми предности во зачувувањето на психичкото здравје, студијата тврди оти водата ги „победува“ дрвјата. Што е толку значајно во водата и како таа влијае врз нашата психа?

1. Водата е поголема од вашите проблеми

(1) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Иако студијата опфатила луѓе кои живеат покрај мориња и океани, истото може да се однесува и на оние кои животот го минуваат покрај езера или реки. Има нешто особено во гледањето и слушањето на водата, нејзиното бранување и движење, како и звукот што го испушта во нејзината постојана промена. Тоа е нешто многу поголемо од луѓето, од нивните проблеми, од нивниот стрес. Тоа овозможува да добијат појасна слика за својата позиција и улога. Многу често луѓето, додека ја гледаат и слушаат големата вода, не се ни свесни за перспективата којашто ја добиваат, но длабоко во нив нештата стануваат појасни.

2. Можеби е до воздухот?

(2) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Уште многу одамна, пациентите кои имале одредени психички проблеми биле упатувани на места што се наоѓале покрај океани. Се сметало дека единствено подолг престој покрај океан можел да ги излекува болките кај некои пациенти. Можеби не успевало кај сите, но кај голем дел, воздухот покрај океаните бил единствениот и последниот спас. Денес таквиот начин на лекување ретко се применува, но затоа пак, многу почесто луѓето одат на летување и минуваат барем неколку дена од годината покрај море и езера. Научниците не се сигурни што точно го подобрува менталното здравје на луѓето. Можеби тоа е специфичниот воздух на тие прекрасни места.

3. Брановите влијаат позитивно на човечката психа

(3) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Кога се вели бранови, се мисли на сиот природен процес што се случува во морињата и океаните. Без оглед што се случува во вашиот живот или воопшто во светот, бранувањето и постојаната промена во големите води никогаш не престанува. Плимата и осеката се случуваат постојано. Брановите удираат во бреговите, некогаш посилно, некогаш сосема нежно, без оглед на случувањата во водата и надвор од неа. Можеби таа сериозност на големите води го полни човекот со сила и енергија да продолжи понатаму и кога е најтешко. Во надоаѓањето и повлекувањето на водата се крие мудроста на постоењето.

4. Што доколку не можете да си дозволите живот покрај вода?

(4) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

Но, за жал, колку и да е убаво и здраво да се живее покрај вода, голем дел од луѓето не можат да си дозволат живот покрај море, океан, езеро, река. Огромен број луѓе живеат далеку од водени површини. Но, и тие можат да направат нешто со кое ќе си го подобрат менталното здравје.

Еден од предлозите се одмори покрај вода. Не мора тие да бидат во луксузни туристички центри, туку можете да најдете прекрасен мир и во мали и не толку развиени места. Исто така може и да изнајмите некоја мала куќичка покрај река, езеро или море на подолг временски период и секое слободно време да го минувате таму. Доколку во местото каде што живеете има мала река или вода, често посетувајте го нејзиниот брег. Секогаш кога ќе ви се отвори можност да престојувате покрај вода, дури и на еден час, искористете го тоа, ќе се зачудите колку многу ќе помогне во подобрувањето на вашето ментално здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар