5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

Летен одмор во Грција, Бугарија, Турција, Шпанија… Сите гледаат да избегаат што е можно подалеку и на што е можно поегзотична дестинација. Но, она што сите го забораваме е фактот дека и во нашата малечка земја Македонија има многу прекрасни места кои вредат да се посетат. Дел од проблемот лежи во тоа што не сме доволно информирани и за повеќето од тие чуда на природата не сме ниту свесни дека воопшто постојат. Веројатно сте чуле досега за Долно Дупени, селце јужно од Ресен кое допира до грчката граница и излегува на Преспанско езеро. Можеби и сте чуле дека има некоја си плажа. Но, како го замислувате? Запуштено, досадно?

(6)  5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

Ќе се изненадите, но токму ова парче земја може да биде најдоброто нешто што ви се случило доколку навистина сакате да избегате од градскиот метеж и да се ослободите од секојдневните грижи и обврски. Нема да зборуваме за оние веќе познати карактеристики кои го одликуваат ова место, како што е Змискиот остров (Голем град), туку за оние мали нешта кои сигурно ќе ви го привлечат вниманието кога ќе отидете таму и кои го прават ова селце толку автентично и посебно. Ова се 5-те причини зошто кога еднаш ќе отидете во Долно Дупени, тоа засекогаш ќе остане во вас и секоја година ќе сакате да се враќате назад…

1. Нема да најдете погостопримливи домаќини

Само што ќе стапнете во Долно Дупени, доколку носите куфери веднаш ќе дотрча некој да ви помогне и да ви најде сместување. Ако сакате да отидете на плажата Дупени Бич до која има 20 минути одење пеш, заборавете на пешачењето, освен ако не сакате самите. Очекувајте дека одејќи по автопатот ќе ве пресретнат најмалку 5 автомобили кои ќе ви понудат да ве превезат. За жителите на Долно Дупени воопшто не е важно од каде доаѓате. Сѐ додека сте таму, вие сте едни од нив и со вас ќе се однесуваат како да сте живееле таму цел живот.

5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

2. Ќе го пронајдете вашиот внатрешен мир

Заборавете на Интернет, телефонски повици и проверување на имејл. Прво, нема да можете и да сакате поради слабата мрежа. Второ, иако има Wi-Fi на плажата (само на плажа и на ни едно друго место) нема ни да ви падне на памет да прелистувате објави на Фејсбук, затоа што ќе уживате во таа изолација од секојдневните глупости. Ќе се чувствувате слободни и опуштени. Нема да сакате да правите ништо друго освен да се излежувате и да се восхитувате на природата. Зар не ви е потребен таков мир по градското лудило? Топла препорака: На зајдисонце застанете покрај езерото, вдишувајте и издишувајте длабоко и препуштете се на последните зраци на сонцето. Верувајте дека поубаво зајдисонце никогаш немате видено!

5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

3. Животот е едноставен

Виновник за тоа што ќе го пронајдете внатрешниот мир е и едноставноста на тамошниот живот. Верувајте дека ќе заборавите на сите обврски и стресови кои ве чекаат дома, бидејќи сите во Долно Дупени се толку многу опуштени и лабави. Тоа е така најмногу поради тоа што деновите течат на ист начин. Но, не е здодевно! Немојте тоа да го поистоветувате со монотонија! Секој ден тече исто, но секој ден се случува нешто ново, нешто поразлично и затоа секој ден е посебен. Како изгледа еден типичен ден во Долно Дупени? Станувате кога сакате сабајле, нема правило, и веднаш одите на плажа. И да не познавате никого, веднаш ќе запознаете, бидејќи како што веќе кажавме сѐ додека сте таму, вие сте едни од нив. Го поминувате целиот ден на плажа, се излежувате на сонце, се бањате во топлото Преспанско езеро, играте табла со кој стигнете во барот на плажата и едноставно не мислите на ништо. Вечерта излегувате на сред село на продавничка (таму се собираат сите навечер) и се подготвувате за музика, смеење и пиење до раните утрински часови.

5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

4. Слогата и заедништвото меѓу луѓето се неверојатни

Точно дека местото е мало и сосема очекувано е сите да се знаат меѓу себе, но сепак слогата која владее меѓу луѓето е навистина неверојатна. Тие функционираат како едно. Тие се едно. А најубавиот момент е што и вие ќе станете дел од тоа едно. Кога се забавуваат, глупираат и смеат, го прават тоа заедно. Но, кога ќе дојде време да се помогне некому сите со заеднички сили без никакво размислување прават сѐ што е потребно за да се реши проблемот. Доколку имате прилика да отидете во Долно Дупени на крајот на септември или почеток на октомври, ќе имате прилика лично да се уверите во тоа. Тогаш се случува познатиот јаболкобер и буквално сите жители се отидени на берба на јаболка. Притоа сите пеат и нивните песни можат да се чујат уште од далеку. Најинтересниот момент од целиот јаболкобер е борбата со скапани јаболка која е неизоставен дел од целиот настан.

5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

5. Ќе се соедините со природата

Нема потреба да се трошат зборови на тоа каква била природата, бидејќи тоа единствено ќе можете да го сфатите ако самите го доживеете и видите со свои очи. Но, бидете отворени кон нови познанства бидејќи ќе стекнете многу нови мали пријателчиња. Ќе видите инсекти какви што не сте ни замислувале дека можат да постојат. Но, не грижете се дури и да се плашите од нив! Тука толку ќе бидете опуштени и ослободени од сите грижи што и нив ќе ги прифатите мошне пријателски. Никако немојте да пропуштите да отидете на плажа навечер. Ѕвездите се толку блиску што ќе ви се чини дека можете да ги дофатите. Препуштете се на моментот и уживајте во небесната глетка.

5 причини зошто кога еднаш ќе го посетите Долно Дупени секогаш ќе сакате да се враќате назад

Има уште многу да се пишува за ова неповторливо место, но ништо не вреди толку колку личното искуство и доживување. Доколку имате време, одвојте еден викенд за да го посетите Долно Дупени. Секој од нас заслужува таков одмор каков што само таму ќе можете да најдете. Ќе се вратите освежени, опуштени, полни со инспирација и позитивна енергија, подготвени да се соочите со сите нови предизвици кои ги наметнува брзиот живот во урбаното општество.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Ilce Reply

    Naj naj losaiot izbor za ovaa godina so neprofeaionalen i nekulturen personal na celo so koncesionerot zitel na seloto Dupen…ovaa godina go posetiv ednas i nikogas poveke…se nadevam deka za skoro vreme narednata godina plazata ke dobie nov aopstvenik koj ke znae kako treba so turisti da se ponasa,i da ne gi brka od svojata plaza..edno golemo O za sopstvenikot…

Остави коментар