Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Долго време, многу научници грешеле во врска со составот на Сонцето, сè додека една 25-годишна студентка не напишала неверојатна докторска теза. Овде таа докажала дека Сонцето и другите ѕвезди, воглавно се направено од хелиум и водород.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Студентката била Сесилија Пејн-Гапошкин. Но, малкумина ѝ го припишуваат ова откритие неа, бидејќи Сесилија ја изгубила заслугата за едно од најголемите астрономски откритија.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Во 2002-ра година, деканот на Факултетот за уметност и наука при Универзитетот на Харвард изјавил:

„Од нејзината смрт во 1979-та година, жената која откри од што е направен универзумот не доби многу внимание. Во весниците не се спомнуваше нејзиното најголемо откритие. Секој средношколец знае дека Њутн ја открил гравитацијата, Дарвин jа открил еволуцијата, дури и дека Ајнштајн ја открил релативноста. Но кога станува збор за составот на нашиот универзум, учебниците едноставно кажуваат дека најприсутен елемент во универзумот е водородот. И никој никогаш не се прашува како го знаеме ова. По нејзиниот докторат таа предавала во одделот за астрономија, но нејзините лекции не биле наведени во каталогот со насоки. Не ѝ било дозволено отсуство поради истражување, а нејзината мала плата била обележана како опрема. И сепак, таа преживеала и цутела.“

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Сесилија била родена во 1900-та година во Вендовер, Англија. Уште од рана возраст сонувала да стане научник и сакала да ја исполни нејзината цел. Во 1919-та година добила стипендија на Универзитетот Кембриџ на Колеџот за природни науки. Иако Сесилија успешно го завршила студирањето, не добила диплома бидејќи Кембриџ не им давал дипломи на жените сè до 1948-ма година.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Сесилија сфатила дека со толку малку можности за жените во научната заедница на Велика Британија, единствената опција ѝ била да стане професорка. Сепак, откако се запознала со директорот на Опсерваторијата на Харвард, Харлоу Шејпли, решила да гради кариера во областа на науката и се преселила во САД.

Научниците отфрлиле едно од најважните астрономски откритија бидејќи било направено од страна на жена

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар