Психолог советува: Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?

Добриот психолог може да ви каже како да се соочите со многуте тешкотии што ги носи животот. Некои професионалци не само што им помагаат на нивните клиенти, туку ги споделуваат нивните совети и онлајн. Овде спаѓа и психологот Антон Шутов, кој го користи неговиот Твитер профил за да сподели многу важни нешта што ги научил во текот на неговата кариера.

Психолог советува: Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?

Корисни совети

  • Стресот не е само ваш непријател, туку и ваш сојузник. Ако личноста нема никаков стрес и се чувствува сосема удобно, ќе почне да чувствува здодевност, а неговата животна енергија ќе се намали на нула. Ова може да предизвика депресија. Постојаниот, слаб стрес нè активира.
  • Застанете за момент и вдишете длабоко. Потоа издишете полека. Бавното дишење и длабоката релаксација овозможуваат поголем проток на кислород во крвта. Ова помага при зголемување на фокусот на важните нешта и при намалување на влијанието на стресот. Исто така и ќе ве врати во сегашниот момент.
  • За да ја зголемите вашата свесност и да се чувствувате поприсутни, психолозите советуваат да пробувате што е можно повеќе нови работи – нови часови, нови патеки за пешачење, нови теми, нова храна, нови хобија и слично. Ова ја зголемува вашата свесност и ве прави посилни.
  • Ако треба да се соочите со предавство, не заборавајте дека тоа работи само во една насока. Само предадената личност го чувствува, додека другата најчесто не го разбира. Не трошете го вашиот здив обидувајќи се да објасните што било. Нема да постигнете ништо.
  • Ако се обидувате да донесете одлука, но немате никаква идеја, престанете со потрагата и фокусирајте се на нешто друго. Анализирањето на разни мислења нема да престане, само ќе се премести на подлабоко ниво – во вашата потсвест. За брзо потсвеста ќе ви го даде одговорот. Важно е само да не се изморите од барањето.
  • Ако сте креативна личност, не заборавајте дека самотијата е нешто што ви е навистина потребно. Ако редовно се изолирате на одреден период, тишината ја подобрува вашата внатрешна анализа. Најдобрите идеи се формираат во овој период. Па, почесто останувајте сами.
  • Ако посетувате психолог не кажувајте за сите нешта што ве загрижуваат. Одберете го најважното и започнете со тоа. Една тема во една сеанса. Голема е веројатноста откако ќе се справите со еден проблем да ги гледате другите од целосно нова перспектива.
  • Понекогаш настојувањето да анализирате сè ви е најголем непријател. Способноста да го исклучите вашиот мозок е неопходна. Ако правите нешто опасно не треба да се фокусирате на опасноста. Ризикот од неуспех значително се зголемува кога сте исплашени.
  • Изгледа дека лекарствата за болка не само што ја намалуваат физичката, туку ја намалуваат и емоционалната болка. Поради ова, бидете внимателни со нив.

Како подобро да ги знаете другите и себеси?

  • Кога повторувате една иста задача сигурно сте забележале дека почнува да го губи нејзиното значење. Го имате пробано ова, зарем не?
  • Замислете си дека сте во кафетерија со колеги и вие први завршувате со оброкот. Ако ви се случува ова, голема е веројатноста да имате анксиозност. Според експертите, колку побрзо јадете, толку повисоко е вашето ниво на анксиозност.
  • Некои луѓе веруваат дека ако некој брзо го мрда стапалото, сигурно е нервозен. Но ова не е секогаш вистина. Често луѓето кои го прават ова сакаат да ја променат активноста или сакаат да ги натераат другите да работат побрзо.
  • Ако сте сами на улица и забележите глутница кучиња, голема е веројатноста да ве нападнат за да ги тестираат нивните вештини и да ги научат помалите членови од групата. Луѓето го прават истото нешто и тоа е наречено малтретирање.
  • Малтретирањето кај тинејџерите е сериозен проблем. Најважниот совет – детето не треба да реагира на малтретирањето бидејќи токму тоа го сакаат оние што напаѓаат. Исто така, родителите не би требало да се мешаат бидејќи можат навистина да ја влошат ситуацијата.
  • Кога личноста си го допира носот во текот на разговор, не мора да значи дека лаже. Поверојатно е дека се обидува да постави ограда помеѓу неговата уста и соговорникот. Причината е несигурноста.

За луѓето

  • Што да правите ако треба да одржите говор, а публиката е гласна? Не обидувајте се да ја смирите. Само застанете на вашето место и бидете мирни. Наскоро вревата ќе престане и вниманието ќе се сврти кон вас.
  • Постои правило – ако некој ги критикува другите луѓе пред вас, веројатно ве критикува и вам штом ќе му го свртите грбот. Секогаш држете се настрана од овие луѓе.
  • За да се чувствувате обединето со личноста што ја сакате, обидете се да го синхронизирате вашето дишење. Оваа суптилна промена создава навистина пријатен ефект.
  • Пробајте го овој експеримент со пријателите или колегите: Дајте им листови хартија на неколку момци и девојки и замолете ги да нацртаат велосипед. Мажите ќе нацртаат механички реален модел, а жените… Ќе видите самите. Ете колку се разликуваат мажите и жените.
  • За да ѝ се допаднете на личност којашто прв пат ја гледате, поставете ѝ 10 прашања за нешто што го сака. Таа ќе ви одговори, а вие ќе слушате. Ова ќе ја натера да ве засака.
  • Кога минувате покрај потенцијално агресивна група луѓе, направете го следново:

1. Стиснете ги дланките во тупаница

2. Малку затворете ги очите

3. Гледајте после групата

4. Не покажувајте дека сакате да се движите побрзо

5. Не реагирајте без разлика што ќе ви кажат

  • Личноста која не ве знае, а ве убедува дека е видовите и почнува да ви кажува работи за вас, го користи ефектот Барнум. Односно, изнесува општи карактеристики кои ви изгледаат вистинити само за вас. На истиот принцип функционира и астрологијата.
  • Кога родителите, партнерите или пријателите тераат некого да оди на психолог, најверојатно обидот е залуден. Пациентот кој бил присилен да посети психолог нема да се отвори пред терапевтот и ќе пружи отпор на терапијата.
  • Сè што ви е потребно од другите луѓе е искреност, без разлика дали ви се пријатели, партнери, колеги, семејство, родители, соседи… Ова е целта на секоја врска.

Пробајте ги и овие психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар