Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

Денот на нарцисот во многу земји традиционално е посветен на заболените од карцином. Постојат многу други интересни нешта поврзани со цветот што симболизира нов живот и надеж.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

1. Нарцисот е цвет од родот нарциси. Постојат 2 теории за потеклото на името. Според првата теорија, нарцисот е именуван по грчкиот збор нарко (затруен, зашеметен) затоа што цветот содржи супстанција која има наркотичен ефект. Друга популарна теорија е дека овој цвет го носи името на Нарцис од грчката митологија, млад човек кој се вљубил во сопствениот лик гледајќи во неговиот одраз на површината од водата.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

2. Нарциот е многу отпорен цвет. Веднаш штом пролетта ќе се најави, тој брзо се појавува. Го сака сонцето, но не сака многу вода.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

3. Според едно старо верување, за среќа треба секогаш да се дарува букет нарциси, а дарувањето на само еден цвет треба да се избегнува затоа што носи несреќа.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

4. Постојат околу 30 оригинални подвидови на нарциси, а дури 13.000 хибриди создадени од човекот. Нарцисите се обично жолти или бели, но меѓу новите хибридни видови има и портокалови и со розова боја.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

5. Цветот на нарцисот не треба да се консумира бидејќи содржи токсични материи. Тоа е одбранбен механизам кој предизвикува животните да го заобиколат. Поради овие состојки не е препорачливо да ги чувате нарцисите долго во вазна, бидејќи тоа ќе ви наштети. Можете да ставите само нарциси во вазна во првите 24 часа за да го намалите ефектот на нивните отровните состојки, а потоа да додадете и други видови цвеќиња во вазната.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

6. Нарцисот содржи и лековити материи. Тие се користеле како лек против болки во античката медицина. Ефектот на нарцисот во превенцијата и третманот на Алцхајмеровата болест и карциномот е тестиран со децении. Екстрактот од нарцис се користи и во козметиката, на пример, во лосионите за чистење на чувствителна кожа.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

7. Во Велика Британија, нарцисот е симбол на 10-годишнината од бракот.

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

Можеби сакате да прочитате и дека секој цвет има некое значење, некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар