Направи сам: Уметност од ролни од тоалетна хартија

За некој тие се само парче ѓубре, додека пак за други претставуваат инспирација за корисни предмети во домаќинството – зборуваме за ролни од тоалетна хартија! Не мора да бидете уметник за да создадете нешто убаво од ова парче хартија, а овде ќе најдете неколку кул предлози.

0-napravi-sam-umetnost-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

1. Ѕидна декорација

Ова е навистина едноставен начин да го украсите вашиот ѕид, а не бара некоја посебна вештина при изработката. Неколку ролни и малку лепак – тоа е сè.

2. Пеперутки како украс

Малку украсна хартија, ножици и лепак за хартија, па можете да уживате во овој прекрасен украс или играчка.

3. Организирање на вашите кабли

3-napravi-sam-umetnost-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

Прекрасна идеја, зар не?

4. Саксии за садници

Не спаѓа во доменот на креативни изработки, но е секако креативно решение за одгледување градинарски садници.

5. Држач за салфети

Ролните можете да ги обложите со платно и да ги украсите по своја желба. Ваквите држачи за салфети ќе го привлечат вниманието на вашата трпеза.

6. Торбичка за подарок

6-napravi-sam-umetnost-od-rolni-od-toaletna-hartija-kafepauza.mk

Вакви торбички за подарок се идеални за која било специјална прилика. Едноставно е: облепете украсна хартија на ролните или нацртајте нешто по своја желба, завијте ги краевите, ставете го подарокот и залепете. Украсете по желба со машнички, бисери и сл.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар