Најлошиот знак во Зодијакот: Има многу комплекси и нема вкус, вие ќе играте како што тој ќе свири
Нему ништо не му е доволно добро, тој би сакал од сè најмногу, најдобро и онака како што му само на него му одговара. Не само што тој ќе влета во вашето секојдневие како ураган, туку и од љубовниот живот ќе ви направи хаос.

Лавот е кралот меѓу животните и царот меѓу комплексите. Не, нему никогаш ништо не му е доволно добро, бидејќи тој постојано сака да биде најдобар и да ги прави само оние нешта кои му одговараат. Доколку сакате да се облекувате спортски и лежерно, веќе по вториот состанок тој ќе ви подари маичка со циркони која е марка, бидејќи смета дека не смее да биде виден со обична жена.
Тој ќе ве маѓепса со силни парфеми и ќе ве води под рака низ животот. Лавот мора да биде вашето светло на крајот на тунелот, бидејќи ако го нема него, ќе ве нема ни вас. Вие би требало да му бидете благодарни затоа што ве одбрал токму вам за да бидете негова девојка и заедно да имате магична љубовна врска. Со други зборови, вие треба да верувате дека сте добиле џек пот.
Но, сè ова е далеку од вистината. Тој всушност од вас бара да дишете како што тој сака и да играте по неговите правила, додека целосно го запоставувате вашиот живот и вашите потреби.
