Направете сами: Освежете го досадниот фустан со пердуви и ќе добиете парче облека од соништата

Сигурно ви е позната онаа ситуација каде што имате замислено совршен фустан за некоја многу важна прилика, но не можете да си го допуштите или уште полошо, не можете воопшто да го пронајдете освен на фотографиите во некое списание или на интернет. Веднаш да ви кажеме дека ве разбираме, но го знаеме и решението! Направете го сами! Секако, не мислиме сами да го скроите и сошиете фустанот, но ако е во прашање само некој детаљ, тогаш дефинитивно немате изговор да не се впуштите во еден од оние „направете сами“ проекти. Во продолжение ви откриваме како да го освежите досадниот фустан со помош на пердуви и да добиете фантастично дневно парче, идеално за посебни прилики.

1-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

Сè што ви е потребно за оваа постапка е:
  • Досаден фустан
  • Пердуви – препорачуваме фабрички споено (можете да го најдете во секоја добро снабдена позаментерија или продавница со текстилни материјали)
  • Игла и конец
  • Машина за шиење
  • Линијар
  • Молив

2-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

1. Со игли одбележете ја линијата по која ќе ги ставите пердувите. Погрижете се растојанието од завршетокот на фустанот до иглите да не биде подолг од должината на пердувите, за да не се гледа работ.

3-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

2. Наместете ги пердувите по должина на прободените игли.

4-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

3. Па полека, користејќи машина за шиење и тенок конец, зашијте ги на материјалот од фустанот.

5-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

4. Над првиот слој, на ист начин зашијте ги и останатите пердуви. Со ова ќе постигнете каскадни слоеви.

6-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

5. Рабовите дополнително зацврстете ги со игла и конец.

7-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

6. И тоа е тоа! Зашијте доволно слоеви со пердуви за вашиот фустан да изгледа онака како што отсекогаш сте посакувале.

8-napravi-sam-osvezhete-go-dosadniot-fustan-so-krzno-i-kje-dobiete-parche-obleka-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар