Како да го забрзате метаболизмот со помош на правилото бр. 10?

Правилото бр. 10 се однесува на секојдневните навики поврзани со метаболизмот и дигестивниот систем. Во текот на денот телото работи со „полна пареа“, па природно му е потребен одмор за време на ноќта, и токму тука ова правило наоѓа голема примена. Кога станува збор за намалувањето на телесната тежина и ослободувањето од вишокот килограми, истражувањата објавени во списанието „Cell Metabolism“, што е посветено на промените во метаболизмот, имале доста интересни резултати.

Како да го забрзате метаболизмот со помош на правилото бр. 10?

Имено, студиите спроведени на голем број мажи и жени на возраст од 20 до 50 години покажале дека за одржувањето на телесната тежина, во секојдневната рутина е потребно да се внесе само еден обичен број – 10. Правилото бр. 10 е едноставно и објаснува колкава треба да биде разликата помеѓу првиот и последниот оброк во денот.

Ако, на пример, појадувате во 8 часот наутро, тогаш вашиот последен оброк би требало да биде 10 часа подоцна, односно би требало да престанете да јадете помеѓу 6 и 7 часот. Во текот на истражувањето се следеле секојдневните навики во исхраната на испитаниците, а според резултатите, третина од нив јаделе во текот на 15 часа односно додека биле буди. Истата група луѓе, за потребите на истражувањето, во исхраната го вметнала правилото од 10 часа и тоа во рок од 3 седмици и без никакви промени во менито.

Резултатите биле конклузивни и по 21 ден се случило следново:

  • Просечно, испитаниците ослабеле 3 килограми
  • Имале повеќе енергија
  • Нивото на шеќер во крвта им било беспрекорно и испитаниците се пофалиле дека спијат подобро

Доколку и вие сакате да го пробате правилото бр. 10 тогаш направете го тоа уште утре. Наутро задолжително појадувајте и 10 часа подоцна завршете го денот со вкусна и здрава вечера. Доколку осетите глад или зголемен апетит тогаш напијте се една чаша вода или незасладен чај од камилица или нане.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар