Најтешката загатка според еден универзитетски професор: Ќе можете ли да ја решите?

Дали сте расположени да ја тестирате вашата интелигенција? Иако оваа загатка прв пат се појавила во 1996 година, луѓето сѐ уште не можат да ја решат. Автор на загатката е математичарот Ричард Смалјан кој е познат под прекарот „неоспорливиот експерт за логички задачи“. Професорот по логика, Џорџ Булос од Институтот за технологија во Масачусетс ја нарекол „најтешката загатка што постои во светот“, а и самите ќе видите зошто е тоа така.

Најтешката загатка според еден универзитетски професор: Ќе можете ли да ја решите?

Прочитајте ја загатката на мудриот математичар:

Биле повикани три богови А, Б и В кои се викале Вистина, Лага и Случајност. Не знаете кој бог е Вистина, Лага или Случајност. Вистината секогаш ја кажува вистината, Лагата секогаш кажува лаги, а дали Случајноста ќе каже вистина или лага е сосема случајно. Треба да ги откриете идентитетите на А, Б и В со тоа што ќе им поставите 3 да/не прашања и секое прашање мора да биде поставено само на еден бог. Боговите разбираат македонски, но ќе одговараат на прашањата на нивниот јазик. Во нивниот непознат јазик, зборовите за „Да“ и „Не“ се „Та“ и „Ја“, но не знаете кој збор точно што значи.

Па, кои прашања би ги поставиле за да го дознаете идентитетот на секој бог? Не станува збор за трик прашање! Постојат многу начини на коишто можете да дојдете до точниот одговор. Немате идеја ниту од каде да почнете? Размислете уште малку, па погледнете го решението.

  • Решение

    Ова се 3-те прашања што би требало да ги поставите:

    1. На богот А: „Дали ’та’ значи ’да’ ако и само ако ти си Вистина и ако и само ако Б е Случајност?“ (Претпоставуваме дека А одговорил ’ја’, што значи дека Б е или Вистина или Лага)

    2. На богот Б: „Дали ’та’ значи ’да’ ако и само ако Плутон е џуџеста планета? (Претпоставуваме дека Б одговорил ’та’ што значи дека Б е Вистина)

    3. И повторно на богот Б (Вистина): „Дали ’та’ значи ’да’ ако и само ако А е случајност?“ Со оглед на тоа што Б е Вистина, мора да каже „Да“, што значи дека А е Случајност, а В е Лага.

Не грижете се доколку сѐ уште сте збунети. Станува збор за навистина тешка задача што и најдобрите логичари не можат да ја решат. Не се откажувајте и вратете се на оваа загатка откако ќе ги решите овие 10 мистериозни загатки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар