Изморен од лоши вести, еден корисник на Твитер ги споделил најубавите моменти од 2017-та година

Изморен од лоши вести, еден корисник на Твитер ги споделил најубавите моменти од 2017-та година

Јасно ни е на сите дека нема да гледаме вести ако на нив даваат приказни за луѓе кои садат цвеќиња, прават пити или деца кои си играат во паркот. Всушност приказните за политички проблеми, војни и криминал се оние кои нè тераат да гледаме вести, дури и кога не можеме да поверувам што гледаме. Но, еден корисник на Твитер, Џејкоб Аткинс, повеќе не сакал да слуша само лоши вести. Наместо тоа, тој на Твитер ги споделил најубавите вести од 2017-та година. Со ова ни помага да се фокусираме помалку на трагичните настани, а повеќе на убавината која нè опкружува.

„Бидејќи ми е здодевно и 2017-та беше полна со негативни приказни, пронајдов некои позитивни приказни кои веројатно не сте ги слушнале. Тие следуваат во продолжение…“

Наместо затворањето на продавниците, Џејкоб ја споделил идејата на Амазон за бездомниците

(1)korisnik-od-tviter-gi-spodelil-najubavite-momenti-od-2017-ta-kafepauza.mk

Штом ќе заврши изградбата на седиштето на Амазон, во него ќе има и засолниште за 200 бездомници.

Можете да се фокусирате на загрозените животни, но Џејкоб се фокусира на оние кои веќе не се

(2)korisnik-od-tviter-gi-spodelil-najubavite-momenti-od-2017-ta-kafepauza.mk

Снежниот леопард повеќе не се наоѓа на листата на загрозени видови.

Како можевме да го испуштиме овој неверојатен напредок?

(3)korisnik-od-tviter-gi-spodelil-najubavite-momenti-od-2017-ta-kafepauza.mk

Вирусот ХИВ и сидата повеќе не се водечка причина за смрт во Африка.

Џејкоб има добри вести и за љубителите на медот

(4)korisnik-od-tviter-gi-spodelil-najubavite-momenti-od-2017-ta-kafepauza.mk

Популацијата на пчелите се зголеми за 27%. Истражувачите пронашле и инсектицид кој не убива пчели.

Џејкоб истакнува како рециклирањето може да ги усреќи сите

(5)korisnik-od-tviter-gi-spodelil-najubavite-momenti-od-2017-ta-kafepauza.mk

Фабрика за чевли од Аргентина прави чевли од рециклирани гуми и вработува само жени од руралните средини.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар