Најкратките приказни на светот кои ќе допрат до вашето срце

Еднаш Ернест Хемингвеј се обложил со некого дека може да напише приказна од само 6 зборови, која ќе допре до срцата на сите што ќе ја прочитаат. И успеал.

Најкратките приказни на светот

На продажба: Бебешки чевличиња. Никогаш неносени.“ Неговиот пример инспирирал многу професионални и аматерски писатели. Многу луѓе низ годините се обиделе да смислат приказни од само неколку зборови кои ќе бидат толку силни што подеднакво ќе можат да предизвикаат и тага и радост кај читателите. Ви презентираме неколку од најуспешните примери напишани од обични луѓе ширум светот:

Странци. Пријатели. Најдобри пријатели. Љубовници. Странци.

„Погрешен број“, рече познатиот глас.

Не зборува вашиот капетан.

Лежиме во кревет. Таа лаже.

Се продава падобран: Никогаш отворен, со неколку дамки.

Затворена мачка: Живот живеен до половина.

Војаџер сѐ уште испраќаше податоци. Но, не и Земјата.

Донесов рози дома. Клучот не одговараше на бравата.

Мајка ми ме научи да се бричам.

Нашата спална. Два гласа однатре. Чукнав на вратата.

Пијан. Доцнам дома. Заклучена врата. Развод.

Владеј со ноќта. Жали следното утро.

Го освоив светот. Ја изгубив девојката.

Извини војнику, чевлите се продаваат во пар.

Со шише го храни убиецот на неговата жена.

Замислена зрелост. Достигната зрелост. Изгубена имагинација.

Хирургот спасува пациент. Пациентот му се заблагодарува на Господ.

Професионалните писатели исто така се обиделе со предизвикот на Хемингвеј. Еве неколку приказни од нив:

Компјутеру, дали си зедовме батерии? Компјутеру? (Ејлин Ган)

Се бакнавме. Таа се стопи. Една крпа, ве молам! (Џејмс Патрик Кели)

Дете, јас сум твојата иднина. Не плачи. (Стивен Бакстер)

Видов, душо, но слободно лажи. (Орсон Скот Кард)

Машина. Неочекувано, јас го измислив времето. (Ален Мур)

Паднав на приемниот. Ја изгубив стипендијата. Измислив ракета. (Вилијам Шатнер)

Збунето го читаше својот некролог. (Стивен Мерецки)

Вакуумски судир. Орбитите се разминуваат. Збогум, љубов. (Дејвид Брин)

Мртов сум. Ми недостасуваше. Бакнеж…? (Нил Гејман)

Потрошен ден. Потрошен живот. Десерт, ве молам. (Стивен Мерецки)

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

  1. Фрајлица Reply

    Веќе одамна е познато дека приказната со бебешките чевличиња и тоа дека Хемингвеј ја напишал е урбан мит.

Остави коментар