Приказни од шест збора

Приказни од шест збора

Легендата вели дека Ернест Хемингвеј еднаш се обложил дека може да напише приказна од само шест збора, а да е толку добра што ќе го расплаче човек. Напишал:

Приказни од шест збора

„На продажба. Бебешки чевличиња. Никогаш неносени.“

Раскажал доволно со тие шест зора и го добил облогот.

Постојат разни гласини кои велат дека всушност тој не ја напишал приказната, други тоа му го признаваат како негово најдобро дело. Како и да е, таа трогателна кратка приказна е причината за постоењето на веб сајтот sixwordstories.net, на којшто секој може да ја сподели својата приказна од шест збора која самиот ја смислил. Со само шест збора, секоја од нив раскажува многу, многу повеќе. Ние издвоивме 15 од нив.

„Мечтаев за него. Го имав. Штета.“ – Маргарет Атвуд

„Погреб по медениот месец. Имаше 90.“ – Греам Свифт

„Неисправни кочници откриени при голема брзина.“ – Џеј Баумајстер

„Ги сакаше цигарите… повеќе од животот…“ – Максвел

„Го освои светот. Ја загуби девојката.“ – Девин Мишел

„Старец. Никогаш преженет. Ги посетува гробиштата.“ – Кејти Б.

„Пронајде вистинска љубов. Венчавката со друг.“ – Дејв Егерс

„Излегувам. Кучето се плаши. Купувам мебел.“ – Рид

„Алкохолот дејствуваше. Кондомот не. Непријатна ситуација.“ – Александар

„Скршено срце. Деветнаесет години копнеж. Заедно!“ – Џејмс Робсон

„Денот пред венчавката. Тој ја запросува.“ – Бен

„Еден дијамант. Двајца крадци. Три ротфајлери.“ – Кетрин Д.

„Нов стилист. Нова фризура. Нова шапка.“ – Алис Дејвис

„Дожд. Двајца непознати. Еден чадор. Љубов.“ – Мега

„Се продава. Книга од Хемингвеј. Неотворена.“ – Винтерс


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. a Reply

    *nikogas noseni

Остави коментар