Најдобрите плажи на Скијатос

Најдобрите плажи на Скијатос

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Скијатос

Летниот одмор не може да помине без долгите, опуштени денови исполнети со лежење на песочните плажи. Доколку за својот одмор го одберете прекрасниот остров Скијатос, еве на кои плажи треба да им посветите најмногу внимание.

1-najdobrite-plazhi-na-skijatos-kafepauza.mk-Lalaria

Лалариа

Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи. На малиот остров има точно 60 плажи, кои варираат според подлогата, големината, фреквенцијата на луѓе, организираноста итн.

Најдобро организираните плажи се наоѓаат на југоисточниот дел од островот, недалеку од гратчето Скијатос. Тие плажи изобилуваат со барови, лежалки, чадори за сонце, организирани активности и спортови на вода, итн. Првата голема плажа е Мегали Амос, исклучително долга плажа на којашто доаѓаат илјадници туристи и е идеална за оние кои сакаат да се наоѓаат на место со многу луѓе. Следни на ред се плажите Василиас и Ахладиес, места коишто се идеални за спортови на вода (особено Ахладиес е погодна за сурфање на ветар, поради силните ветришта што дуваат во тој предел).

Многу блиску се наоѓаат и плажите: Канапица, Каламаки, Вромолимнос, Агиа Параскеви и Трулос. Сите се одлично организирани, речиси секогаш полни, изобилуваат со зелени површини, златни песоци и кристално бистра вода.

2-najdobrite-plazhi-na-skijatos-kafepauza.mk-Vromolimnos

Вромолимнос

И тогаш доаѓате до плажата Кукунарис, по што останувате зачудени. Околу неа има густи борови насади коишто создаваат магичен пејзаж. Зад боровата шума се наоѓа езерото Строфилиа, живеалиште на повеќе видови ретки птици. Ова место е заштитено од Грција и Европската Унија, а плажата е една од најпознатите во целата држава, пример за одлично организирана плажа. На исток од Кукуранис е плажата Банана којашто е една од најпопуларните нудистички плажи.

На северната страна од островот ќе ја најдете егзотичната плажа Мандраки (или пристаништето на Ксеркс). Оваа плажа лежи на песочни ридови. Следна е релативно мирната плажа Елиа. На северната страна исто така вреди да се посетат и плажите: Микрос, Мегалос Аселинос, Кериа, Лименариа, како и Мегалос Гиалос и Ксанемос – на север од градот. Се работи за прилично тивки плажи со недопрени природни убавини.

Не пропуштајте да го заобиколите островот со кајак, со што ќе можете да ги погледнете сите скриени места по брегот, но и да стигнете до најпознатото место на островот, плажата со бели камења, Лалариа, до којашто се стигнува само по воден пат.

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Скијатос

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар