На денот пред венчавката ѝ стигнала порака: „Јас не би се омажила за него, а ти?“

Кејси од Австралија не можела да го дочека денот кога ќе се омажи за нејзиниот свршеник. Но, таа никогаш не помислила дека само неколку часа пред венчавката ќе ѝ стигне порака што целосно ќе ѝ го промени животот. Исповедта на оваа девојка која мислела дека ќе биде најсреќна на светот на денот кога требало да се омажи за својот вереник Алекс не е воопшто лесна за читање. Нејзиниот среќен ден се претворил во пекол, а ние ви ја пренесуваме нејзината приказна.

Стоев во венчаницата додека ги гледав лицата на моите пријатели и семејството кои им беа воодушевувачки. Требаше тоа да биде најубавиот ден во мојот живот, а сите тие требаше да го посведочат тоа. Алекс и јас бевме заедно шест години. Штом го запознав знаев дека тој е вистинскиот и дека ќе живееме среќно до крајот на животот.

На мојата моминска забава седев со другарките во модерна хотелска соба. Се шегувавме и се смеевме, а потоа заѕвони мојот телефон. Тоа не беше воопшто чудно, затоа што цела вечер ми стигнуваа пораки во кои луѓето ми посакуваа сè најдобро пред утрешниот ден. Меѓутоа, оваа порака беше поинаква. Тоа всушност беа извадоци од телефон во вид на слики од непознат број. После тие слики ми стигна следнава порака: „Јас не би се омажила за него. А, ти?“

Извадоците од телефонот беа слики од дописите помеѓу мојот иден сопруг и жената која ми ги испрати. Имаше и многу разменети селфиња. А, таа жена беше сè што јас не сум – јас сум русокоса и бледа, а таа е темнокоса црнка. Тие разменувале пораки до денот пред да ми ги испрати, а се допишувале со месеци. Мозокот ми се блокираше од шокот. И во ниту еден момент не се запрашав дали тоа е некоја шега, едноставно почувствував дека е вистина.

„Овој викенд. Само ти и јас. Биди подготвена.“ „Изгледаш неверојатно, а во кревет си фантастична. Да знаеше мојата девојка да прави барем половина од тие работи.“ „Толку ми недостасуваш, мислам на тебе. Никогаш не сум полудел по никого како сега“.

Сето ова ѝ го испраќал, и стотици слични пораки, а секоја беше нож во моето срце. Требаше да се омажам за него за само неколку часа. А, како да откажам кога фамилијата ми допатува од сите краишта од светот? Мислев дека ќе умрам од понижување и се расплакав како никогаш дотогаш.

Моите другарки веќе беа подготвени да одат кај него и да му се осветат. Инсистираа да му се јавам и да откажам сè. Но, јас го сакав Алекс. Сакав да се омажам за него. Бев во огромен шок за да можам да почувствувам бес и не му се јавив. Секако, не склопив очи таа ноќ и само што се раздени ги разбудив другарките и им реков дека донесов одлука – настанот ќе се одржи, а јас во клучен момент ќе кажам дека знам сè.

И така одев кон олтарот во фустанот кој до вчера беше моја венчаница од соништата, а тој ден се претвори во костим за кловнови. Алекс немаше поим што му се подготвува. Застанав на средина од собата, длабоко вдишав и пред сите ја кажав вистината за Алекс.

Денес нема да има свадба затоа што испадна дека Алекс не бил тоа што мислев дека е – реков. Алекс почна да ме фаќа за раце, но јас во нив го држев телефонот со сликите. Ја прочитав на глас секоја порака. Алекс стануваше сè поблед.

На крајот, кога завршив со читање, така расплакана го погледнав. Тој ме гледаше немо. После тоа истрча од црквата, а по него и кумот. Неговата фамилија остана со отворена уста гледајќи во мене.

Сите ве сакам и драго ми е што сте со мене иако поводот е ужасен. За жал, денес нема да се прослави венчавка, но сите ќе ја славиме искреноста, потрагата по вистинската љубов и слушањето на срцето дури и кога вистината боли – им реков на сите.

Следуваше неодлучен аплауз. Дали постапив правилно и на правилен начин ги соопштив вестите? Со оглед на тоа дека после тоа следуваше сјајна забава, верувам дека правилно сум постапила.

Прочитајте кои се грешките што невестите признаваат дека ги прават на венчавка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив што ја придвижува гласи: „Остани своја и поинаква. Само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар