Невестите признаа: 10 грешки на венчавката заради кои најмногу жалиме!

Планирате венчавка? За да им ја олесниме организацијата на идните невести на овој важен ден и да им помогнеме да не ги направат истите грешки, жените кои веќе ја имале својата венчавка ни открија заради кои 10 работи најмногу жалат.

1-nevestite-priznaa-10-greshki-na-venchavkata-zaradi-koi-najmnogu-zhalime-www.kafepauza.mk_

1. „Сметката за цвеќето се дуплира преку ноќ“

Или сметката за музика, храна, или некоја друга услуга. Заради неочекуваните промени некои невести се соочиле со трошоци за венчавката на кои не сметале. И веднаш добиле главоболка!

2. „Не ѝ дозволив на мојата мајка да ги изрази своите чувства на мојата венчавка“

Невестите често сакаат да го избегнат „изливот на емоции“ на венчавката без разлика дали е тоа од страна на родителите или од некоја друга драга и блиска личност. Некои се плашат дека ќе се расплачат и така ќе ја уништат шминката или дека заради тоа денот нема да биде совршен. Меѓутоа, некогаш изразувањето на најскриените и најдлабоките чувства е токму она што го прави тој ден совршен.

3. „Пред венчавката не разговарав со партнерот за тоа како нашата врска ќе се промени после влегувањето во брак“

На денот на венчавката многу невести ги „удира“ сознанието дека со влегувањето во брак односот со партнерот би можел да се промени и дека досега не разговарале за важните теми.

2-nevestite-priznaa-10-greshki-na-venchavkata-zaradi-koi-najmnogu-zhalime-www.kafepauza.mk_

4. „Жалам што за организирање на венчавката не инсистирав на деталите“

Организирањето на венчавката бара многу време и трпение и на тоа секоја невеста мора да биде подготвена. Во спротивно, може да се случи да не го добие она што го сакала, на пример, соодветна фризура што и тоа како може да ѝ го расипе овој важен ден.

5. „Требаше да замолам други луѓе да ми помогнат околу организирањето на венчавката“

Никој не очекува дека невестата целиот товар за организирање на венчавката ќе го преземе на себе. Луѓето кои се грижат за вас сигурно ќе сакаат да ви помогнат во тоа. Токму затоа и се овде – за вашиот живот и вашиот посебен ден да го направат помалку стресен.

6. „Жал ми е што на својата венчавка не пробав скоро ништо од храната“

Многу невести заради возбудување и трема немаат апетит и го пропуштаат уживањето од свадбената трпеза. Невести, опуштете се и уживајте во фината храна, бидејќи славите еден од најважните денови во вашиот живот.

7. „Жалам што им дозволив на другите премногу да се мешаат во организирањето на мојата венчавка“

Помошта е секогаш добредојдена, но за некои работи, на пример распоредот за седење на гостите во салата, последниот збор секогаш би требало да го имаат младенците.

3-nevestite-priznaa-10-greshki-na-venchavkata-zaradi-koi-najmnogu-zhalime-www.kafepauza.mk_

8. „Жал ми е што инсистирав на тоа сѐ да биде совршено“

Нема смисла да се обидувате да ги задоволите сите и да инсистирате венчавката да биде совршена, бидејќи тоа е невозможно. Едноставно оставете денот да тече наместо постојано да сте нервозни и да се грижите дали сѐ ќе помине онака како што сте замислувале.

9. „Жал ми е што не побарав професионална помош околу организирањето на венчавката“

Ако можете да си го дозволите тоа, ангажирањето на професионален организатор за венчавки е секогаш добредојдено. Особено заради промените кои може да се случат во последен момент, а со кои не сакате да ја оптоварувате вашата мајка или кума кои и онака имаат други обврски.

10. „Жал ми е што заборавив која е всушност суштината на сето ова“

Преплавени со сите обврски, грижејќи се за гостите и сто други работи, невестите често забораваат дека венчавката всушност е почеток на преданост на другата личност за цел живот. Обред на преминување во новиот живот. Ако на венчавката и не биде сѐ по планот, на вас и вашиот брачен партнер ќе ви даде само материјал за смеа (или солзи) во заедничките години кои се пред вас.

Погледнете кои се најголемите грешки што ги прават сите штотуку венчани парови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар