Исповед на еден Дедо Мраз: „Мојата работа се претвора во пекол од денешните деца и родители“

Детството е незамисливо без Дедо Мраз и еуфоријата околу смислувањето на листата со подароци кои децата сакаат да ги добијат. Но изгледа на Дедо Мраз му е преку глава од сѐ. Времињата се менуваат, па така и желбите на децата кои повеќе не сакаат пожарникарски камиони, кукли и слатки туку новите чуда на технологијата – ајфон и ајпед.

Santa claus holding letter

Рон Хорниблеј, познак како Дедо Мраз, вели дека се прави глупав кога децата му бараат ајфон како подарок. Тој се прави дека не знае што е тоа иако овој 82-годишен Дедо Мраз е многу добро упатен во современата технологија. Рон зад себе има кариера долга 53 години.

Не се само таблетите на листата со желби. Сите можни скапи електронски уреди, од смартфони до компјутери, се наоѓаат на списокот на најмладите. Тој вели дека тешко му паѓа кога ќе слушне од петгодишно дете дека бара телефон.

„Сите негови пријатели имаат телефони, а кога ќе ги прашам зошто им треба телефон, тие одговараат дека би го користеле за да им се јават на пријателите. Па, зарем не се дружат и не зборуваат со нив на игралиштето?“, вели Рон.

Овој Дедо Мраз се сеќава кога децата се радувале кога во новогодишниот чорап би пронашле портокал, а денес сѐ се врти околу електрониката. Тој истакна дека со оваа работа забележувал како се менува начинот на кој родителите ги воспитуваат децата во модерниот свет и дека вистинската новогодишна еуфорија ја изела добата на конзумеризмот.

3-ispoved-na-eden-dedo-mraz-maka-mi-e-od-deneshnite-deca-i-roditeli-bidejkji-so-svoite-zhelbi-ja-pretvoraat-mojata-rabota-vo-pekol-www.kafepauza.mk_

Рон не ги обвинува децата. Тој ги критикува родителите, бидејќи децата се разгалени со премногу подароци кои им ги подаруваат. Раскажа дека се сеќава на гостувањето во еден дом каде што не можел да се движи низ дневната соба од играчките кои биле на сите страни.

Децата се навикнати на многу подароци. Денес имате дете кое ќе отвори еден подарок, ќе каже дека му се допаѓа и ќе праша каде е следниот“, вели Рон.

Она што го збунува е од каде родителите наоѓаат пари за сите тие сапи подароци, но претпоставува и дека тоа е причината заради која тие се задолжуваат и се вовлекуваат во кредити кои потоа тешко ги враќаат.

Тој се сеќава како некогаш децата се радувале на малите работи, како што се кукли, автомобили и боенки. Сега го сакаат сето она што ќе го видат во рекламите, бидејќи мозоците им се испрани, сакаат сѐ што имаат нивните пријатели и сѐ што постои на овој свет. Пред дваесет години барале друштвени игри за целото семејство, а сега сѐ се врти околу гаџетите. Повеќе не им се интересни ниту Лего коцките, па наместо обични мали пакувања сега бараат прескапи сетови од овие коцки.

2-ispoved-na-eden-dedo-mraz-maka-mi-e-od-deneshnite-deca-i-roditeli-bidejkji-so-svoite-zhelbi-ja-pretvoraat-mojata-rabota-vo-pekol-www.kafepauza.mk_

На овој Дедо Мраз му е жал што денешните деца живеат во потрошувачка доба, посјајна и поскапа од претходните години.

„Некогаш семејството ќе се собереше и самите правеа украси за Нова Година. Се сечеше хартија и се правеше синџир. Сега сѐ се купува и е многу скапо. Децата не стигаат да си играат ниту со половина од работите кои им ги купуваат родителите, бидејќи претеруваат со подароците. Дури и ако сте богати, јас не ве советувам да им дадете на децата сѐ што ќе посакаат. Најдобрите работи се оние кои ќе се заработат или кои ќе се заштедат“, кажа Рон.

Исто така, покрај родителите, Рон ги обвинува и кредитните картички и додава дека целиот свет би се променил кога тие ќе се укинат.

„Родителите повеќе немаат време за своите деца. Се претворија во таксисти, бидејќи ги возат децата насекаде, но не учествуваат во нивните активности. Мака ми е од тоа“, раскажа Рон.

Она што го прави тажен е што децата заборавиле дека и старите заслужуваат подароци. Она што им е потребно на нивните баби и дедовци е да им се јават и да им ги честитаат празниците, бидејќи во спротивно која е целта на скапите мобилни што ги добиваат? Според зборовите на овој Дедо Мраз, тој повик обично изостанува.

Треба да послушаме што Рон и другите кои се наоѓаат во улога на Дедо Мраз имаат да ни кажат, бидејќи нивната порака е важна – не само што ги уништивме новогодишните и божиќните празници, туку ги уништуваме и нашите деца.

Прочитајте ги и овие слатки и смешни писма до Дедо Мраз.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар