Моќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте вие!
Велат мајките знаат најдобро и честопати тоа навистина е така. Ако постои некоја личност во целиот свет која можеби ве познава подобро отколку што самите се познавате, тогаш тоа е вашата мајка. Таа секогаш била, е и ќе остане тука за вас, давајќи ја својата безусловна љубов и поддршка дури и во вашите најтешки моменти. Таков е случајот и со оваа мајка, која на својата идна ќерка ѝ напишала една моќна порака која совршено ја отсликува реалноста.

[message_box title=”” color=”yellow”]
Кога ќе имам ќерка,
ќе ѝ кажам дека бајките се убави,
но понекогаш погрешни.
Ѕверот е само ѕвер –
само неколкумина ќе се претворат во принцови.
Истото важи и за жабите.
Добрите вили ретко се појавуваат
со вистинскиот пар чевли во вистинскиот момент.
Ако чекаш да те спасат,
не можеш да знаеш кој ќе се искачи по твојата коса
и ќе уништи сѐ.
Стои подалеку од прозорците на кулата,
не се ослонувај на џуџињата,
најди го својот среќен крај.
Сама ќе се спасиш,
или ќе останеш неспасена.
[/message_box]
