Модни дизајнерки кои го променија светот на модата

Модни дизајнерки кои го променија светот на модата

Борбата за правата на жените се одликува со поместување граници и ослободување на традиционалните и патријархалните стеги – а жените отсекогаш се облекувале и дотерувале на таков начин што ја изразувале својата внатрешна состојба. Ослободувањето од стегите во модата започнало со отфрлање на корсетите, скратување на должината на здолништата и отфрлањето на непријатните штикли.

Модни дизајнерки кои го променија светот на модата

Сè започна со Коко Шанел, а еволуцијата на модата сè уште е во тек. Во продолжение погледнете неколку модни креаторки кои модата во 21-виот век ја издигнаа на едно повисоко ниво.

Мјуча Прада

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on


Прада отиде еден чекор напред со отфрлање на сè што се смета убаво. Нејзината колекција претставена за пролетта 1996 година, беше величање и славење на сè што се сметало за грдо – грозни бои, шаренило, обувки со четвртест врв. Прада има изјавено дека грозното е привлечно и повозбудливо од буржоаските идеи за убавина. Таа пронајде илјада начини да се ослободи од она што се сметало за привлечно и стана симбол на ослободување од тиранската убавина и прифаќањето на широкиот контекст на естетиката и шикот.

Донатела Версаче

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on


Донатела е икона – геј икона, феминистичка икона, чија слава и привлечност го опколија светот на модата. Борејќи се да го зачува семејниот бизнис по убиството на нејзиниот брат Џани во 1997 година, таа стана дел од поп-културата и антитеза на сопствената трезвеност. Таа се спријатели со најпопуларните манекенки (Наоми, Синди, Амбер…) и сè уште се дружи со нив. Нејзиниот начин на комуникација со јавноста предизвика моден земјотрес во светот. Нејзините лични драми не ѝ донесоа осудување, туку прифаќање и сочувство од јавноста, па така стана инспирација за надеж и животна борба. Донатела – жена која преживеала.

Марија Грација Кјури (Диор)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lifestyle Choices (@ourlifestylechoices) on


Кога Марија Грација Кјури беше поставена за креативен директор на модната куќа Кристијан Диор во јули 2016 година, нејзиното место во историјата на модата беше осигурено. Но, таа имаше влијание врз модата уште пред тоа. Марија беше дел од тимот на Фенди, а има работено и за Валентино, помагајќи да се пласираат пругите на црвениот тепих.

Нејзината прва креација за Диор беше со порака „Сите треба да бидеме феминистки!“, облекувајќи ги жените според принципот на цврстина и нежности, со борбен дух и романтична природа.

Вера Ванг

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERA WANG (@verawanggang) on


Во 1989 година, Вера беше во потрга по совршената венчаница. Бидејќи она што тогаш се нудело на пазарот, нејзе не ѝ се допаѓало, таа сама скицирала венчаница која ја дала на кројач да ја направи. После една година и после една ревија, створен е невестинскиот бренд Вера Ванг.

Во својот бутик таа ги охрабрува жените да испробаат секси венчаници со гол грб, кратки здолништа, па и предизвикувачки деколтиња, а понекогаш си игра со класичните бели венчаници правејќи ги во бои – црна, сина, розова… Нејзината колекција на венчаници моментално се наоѓа на врвот на високата мода. Нејзините неконвенционални, но сепак романтични венчаници ги имаат носено Алиша Кис, Џенифер Лопез, Мараја Кери…

Вера денес е една од најпознатите светски модни креатори. Нејзината цел е едноставна – слободно изразување без разлика дали се работи за прошетка до олтарот или прошетка по улицата.

Погледнете ги и овие 15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар