Модерно чудо: Вино направено од тофу

Модерно чудо: Вино направено од тофу

Тофуто можеби е хранлива замена за месото, бидејќи е богата со протеини, но неговото производство не е баш добро за околината. Причината за ова е тоа што при овој процес се создава сурутка од тофу, хранлива супстанца која го поттикнува создавањето на бактериите. За само еден ден сурутката од тофу предизвикува лоша миризба, па производителите веднаш се ослободуваат од неа. Но ова фрлање на нуспроизводот предизвикува загадување.

moderno-chudo-vino-napraveno-od-tofu-kafepauza.mk

Со цел да се искористи сурутката од тофу, која е одговорна за дел од загадувањето, еден тим истражувачи од Програмата за наука и технологија за храна од Институтот за хемија, развиле процес на биотрансформација кој ја претвора сојата без вкус во вино.

Тимот го нарекол овој уникатен пијалак „Сачи“, од јапонскиот збор што значи „цутење на цветовите и мудроста“. Методот на производство не прави никаков отпад, а ова значи дека сурутката е целосно искористена.

„Сурутката од тофу содржи изофлавони и фитоестрогени кои се наоѓаат само кај сојата. Изофлавоните се антиоксиданси, а научните истражувања покажале дека имаат потенцијални здравствени придобивки како што се намалување на ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес“, изјавил професорот Лиу.

За ферментирање на сурутката се користел квасец за подготовка на вино. Наводно, процесот на ферментација е многу сличен на оној за правење обично вино. Бидејќи тофуто е богато со аминокиселини, тоа е одлична средина за растење на квасецот. И иако процесот е евтин, потребно е многу време и голем простор.

„Овој алкохолен пијалак има освежувачки вкус, лесен е за пиење и има вкус како саке. Иако е направен од сурутка од тофу, вкусот на сојата речиси и да не се чувствува. Сите вкусови во пијалакот се од ферментација, без вештачки додатоци“, изјавил Џиан Јонг, студент кој учествувал во истражувањето.

Тимот моментално работи на подобрување на вкусот на пијалакот со менување на параметрите за ферментација. Истражувачите се надеваат да добијат овошна и цветна нота.

Доколку сте љубители на виното, сигурно ќе ве интересираат овие чудни факти кои веројатно не сте ги слушнале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар