Волшебно и едукативно: Астрономите создадоа ново соѕвездие на Хари Потер!

Децата обично не се интересираат многу за наука. На наставниците и родителите им е многу тешко да ги натераат учениците да учат работи поврзани со биологија, физика, хемија, па дури и астрономија. Токму затоа, астрономите создале нови соѕвездија кои се попривлечни од Големата Мечка.

Волшебно и едукативно: Астрономите создадоа ново соѕвездие на Хари Потер!

Научниците и инженерите кои биле дел од британскиот научен саем Биг Бенг направиле анкета наменета за деца на возраст од 7 до 19 години и дознале дека 72% од нив никогаш не се ни обиделе да најдат соѕвездие, а 29% од испитаниците признале дека не би можеле да препознаат ниту едно соѕвездие од слика.

Повеќе од половина од 88-те соѕвездија што се идентификувани од страна на Меѓународната Астрономска Унија датираат уште од античка Грција, па затоа тие ознаки на ѕвездите можеби им делуваат малку застарено на децата. Со цел да ја поттикнат детската љубопитност за вселената, научниците од саемот Биг Бенг се здружиле со астрономите од Универзитетот во Бирмингем. Тие се обиделе да најдат современи начини на поврзување на ѕвездите на вечерното небо. И самите ќе се уверите дека тие откриле навистина возбудливи соѕвездија!

Најверојатно ќе се согласите дека најинтересното соѕвездие е тоа на Хари Потер! Ова соѕвездие е највидливо во март и се наоѓа на североисток. Но, најпознатиот лик на Џ. К. Роулинг не е единствениот што успеал да стигне до ѕвездите. Чизмите на мечето Падингтон исто така може да се видат на небото заедно со Серена Вилијамс и нејзиниот тениски рекет.

Потер

Волшебно и едукативно: Астрономите создадоа ново соѕвездие на Хари Потер!

Ректасцензија: 13 ч.

Деклинација: 55 степени

Период од годината кога е највидливо: Декември

Правец: Североисток

Самрак: Астрономска темнина

Ѕвезди што го сочинуваат: Изар (привидна величина: 2.70) – спомената во „Ѕвездени патеки“

Падингтон

Волшебно и едукативно: Астрономите создадоа ново соѕвездие на Хари Потер!

Ректасцензија: 15 ч. и 55 мин.

Деклинација: 7 степени

Правец: Исток/Исток-Југоисток

Период од годината кога е највидливо: Декември

Самрак: Дневна светлина

Ѕвезди што го сочинуваат: Алхена (привидна величина: 1.09) – субџиновска ѕвезда во развој, Бетелгез (привидна величина: 1.60) – црвен суперџин, Белатрикс (привидна величина: 1.60) – се користи за навигација на небото, Минтака (привидна величина: 2.20) – троен систем

Серена

Волшебно и едукативно: Астрономите создадоа ново соѕвездие на Хари Потер!

Ректасцензија: 12 ч. и 30 мин.

Деклинација: 70 степени

Период од годината кога е највидливо: Септември

Правец: Северозапад

Самрак: Наутички самрак

Ѕвезди што го сочинуваат: Феркад (привидна величина: 3.00) – порано била дел од бинарна северна ѕвезда, Кохаб (привидна величина: 2.10) – има планета што е 6 пати потешка од Јупитер, Тубан (привидна величина: 3.65) – порано била северна ѕвезда

Малала Јусафзаи, Дејвид Атенбороу, Тим Пик и Усаин Болт се исто така овековечени во новите соѕвездија. Што мислите вие за ова? Кој човек би сакале вие да го видите на небото помеѓу ѕвездите?

Доколку сте љубители на астрономијата, сигурно ќе ви се допадне овој астрономски часовник кој го прикажува движењето на планетите во Сончевиот систем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар