Стив Џобс: Кој е најважниот квалитет што треба да го поседуваат вработените?

Стив Џобс: Кој е најважниот квалитет што треба да го поседуваат вработените?

Дали некогаш сте посакале да дознаете што мисли вашиот шеф за вас? Сега ќе имате можност да ја разоткриете оваа мистерија! Дали ги поседувате квалитетите што се потребни за да работите во најуспешните компании? Секако дека можете да го усовршите вашето CV, да изгледате професионално и да одговорите паметно на сите незгодни прашања на интервјуто. Но, постои голема веројатност дека притоа ќе заборавите на еден малку необичен квалитет што е многу значаен, барем според Стив Џобс.

Стив Џобс открива: Кој е најважниот квалитет што треба да го поседуваат вработените?

Порано, Џобс вработил неколку професионални менаџери во неговата компанија во развој. Но, тој набрзо сфатил дека повеќето од нив се „глупави“. Тие знаеле како да управуваат, но не знаеле ништо друго да прават. Оттогаш натаму, Џобс почнал да бара поинаква особина кај кандидатите што се пријавувале за работа.

„Баравме луѓе кои се ненормално добри во тоа што го прават, но не баравме професионалци. Ги баравме оние кои се страсни и ја разбираат технологијата, но и кои знаеја што можат да направат со таа технологија“, изјавил Џобс.

Со други зборови, заборавете на работното искуство. Наместо тоа, Џобс барал страсни луѓе за неговиот тим. Можеби се прашувате зошто оваа особина е толку важна. Не само што ентузијастичните вработени знаат да управуваат, туку тие и ја разбираат мисијата на компанијата и искрено тежнеат кон истата заедничка цел.

За да најдат работници кои поседуваат голем страст, тимот на Епл ги интервјуирал кандидатите на тој начин што им покажувал прототип на Макинтош и ја набљудувал нивната реакција.

„Сакавме очите да им светнат и да се возбудат. Тогаш, знаевме дека тие се дел од тимот“, открил Енди Херцфелд, еден од првите софтверски инженери на Епл.

Оваа особина може да ви помогне да станете успешни на кое било работно место. Оставете позитивен впечаток на интервјуто на работа, но не заборавајте да ја покажете и вашата страст.

Во продолжение прочитајте по што се препознава одличниот работник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар