Мести Рубикова коцка со една рака, додека жонглира со други две во другата

Мести Рубикова коцка со една рака, додека жонглира со други две во другата

Рубиковата коцка е измислена во 1974 година од унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик. Првично била наречена „Магичната коцка“, а до јануари 2009 година биле продадени повеќе од 350 милиони примероци од оваа 3Д механичка сложувалка. Шесте страни се составени од по 9 индивидуални коцки со различни бои (црвена, бела, зелена, сина, жолта  и портокалова). Рекордот за решавање на коцката го држи Феликс Земдегс, кој тоа го сторил за само 5,66 секунди.Мести рубикова коцка со една рака, додека жонглира со други две во другатаНа ова видео ќе го видите Дејвид Калво кој прави еден импресивен трик. Имено тој со левата рака ја решава Рубиковата коцка, додека со десната жонглира со други две. Интересно е да се види како тој успева да го направи тоа за само педесетина секунди. Уживајте.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар