Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Мачките навистина сакаат излежуваат. Во текот на целиот ден, тие дремат и спијат од 12 до 16 часа. Но што прават навечер? Можеби не знаевте, но мачките се всушност ноќни животни. Се разбира, тие понекогаш го прилагодуваат нивниот распоред на спиење според оној на сопствениците, но ноќта е периодот кога сакаат да излегуваат и да си играат.

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Еден сопственик на мачка од Тајланд сакал да открие што прави неговата мачка навечер, па решил да постави скриена камера. Резултатот е навистина смешен, но и сладок. Мажот, кој на Фејсбук е познат како Lomphonten Lomphontan, ги објавувал фотографиите во Фејсбук групата Cat Lovers Club (Клуб на љубители на мачки). Како што ќе забележите и самите, успеал да долови навистина интересни моменти.

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Мачките потекнуваат од африканските диви мачки, кои најчесто се ноќни животни. Нивното припитомување направило промена во нивниот дневен распоред, па сега тие се почесто будни и во текот на денот. Сепак, повеќето мачки се будат неколку пати и во текот на ноќта.

Овој маж не е единствениот кој бил љубопитен за ноќната активност на мачките. За целите на едно истражување, научниците поставиле мали камери на 55 мачки, а потоа проучувале 37 часови видео материјал. Како и нивните предци, 44% од уличните мачки ловеле, а 85% од ловењето било за време на потоплите сезони.

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Без разлика дали се надвор или внатре, веројатно имате забележано дека мачките прават најмногу врева навечер. Ова мјаукање може да биде поради многу причини –  старост, стрес, здравствени проблеми, а понекогаш и поради здодевност.

Доколку вашата мачка ви го попречува спиењето навечер, можете да преземете неколку нешта. Можете да си играте со мачката пред спиење, така што ќе ја изморите. Исто така можете да ја нахраните навечер, бидејќи мачките најчесто спијат после обилен оброк.

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Важно е да знаете дека иако вашата мачка ве сака, може несакајќи да ве повреди навечер. За жал, понекогаш единственото решение е да ја затворите вратата од спалната и да не ја пуштате мачката внатре додека спиете.

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Маж поставил скриена камера за да открие што прави неговата мачка навечер

Дознајте и што значат сите „чудни“ однесувања на вашата мачка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар