7 жени споделуваат зошто тие ги запросиле нивните партнери

Факт е дека општеството создава голем притисок врз романтичните врски. Од мислењето дека мажот треба да ја плати сметката, па сè до мислењето дека мажите треба да го направат првиот чекор, нема недостаток од „правила“ за тоа како треба да функционира љубовта. Се разбира, вие треба да го правите она што вам ви одговара, па доколку сте се запрашале дали жените треба да ги запросуваат мажите, не сте единствените.

7 жени споделуваат зошто тие ги запросиле нивните партнери

Без разлика дали сте во врска со маж или жена, сосема во ред е и вие да го поставите важното прашање. Кога станува збор за љубовта, вие ги создавате вашите правила и го правите она што сметате дека е најдобро. Во продолжение прочитајте што имаат да кажат на оваа тема неколку жени кои ги запросиле нивните партнери.

1. Специјално планирање

„Мојот сегашен сопруг одвреме-навреме лежеше во болница додека се гледавме. Го замолив семејството и медицинските сестри да ми помогнат да го испланирам совршеното запросување во неговата болничка соба. Навистина ми значеше да направам нешто такво за него.“ – Ким, 34

2. Шегување

„Го прашав дали ќе се ожени за мене на првиот состанок. Тоа беше шега, но ја продолжив додека не се согласи.“ – Шона, 29

3. Играње улоги

„Се запознавме неколку години пред да почнеме да се гледаме на лига за играта ‘Зандани и змејови’. Кога одлучивме дека ќе ги поминеме нашите животи заедно, знаев дека ќе го вклучам запросувањето во играта. Јас бев ‘господарот на занданата’ и ја направив целата игра околу запросувањето.“ – Лара, 24

4. Преземање одговорност

„Искрено, ако оставев на него сигурно ќе згрешеше нешто. Преземањето на одговорноста во мои раце беше навистина кул и можев да го направам запросувањето како што си замислував.“ – Франсес, 32

5. Дамите имаат предност

„Па, во нашата врска нема маж па една од нас мораше да го направи тоа. На некој начин таа ми кажа дека јас треба да го направам, но беше навистина слатко. Ја прашав после работа додека пиевме вино во дворот.“ – Рае, 27

6. „Те престигнав“

„На првиот состанок ми рече да му кажам кога ќе одам кон ресторанот за да бидеме таму во исто време. Бев толку нервозна што сакав да отидам пред него за да можам да се напијам нешто и да се прилагодам на новото мето. Кога му го кажав ова, тоа стана шега во нашата врска и почнавме да следиме кој ќе стигне прв на некое место. Кога дознав дека има прстен, знаев дека морам да го престигнам и за тоа.“ – Силви, 24

7. Скромност

„Запросувањето не мора да биде нешто големо. Едноставно го прашав еден ден додека правевме вечера.“ – Рејчел, 26

Од запросување на првиот состанок, до запросување преку игра, не постои правилен начин да го направите тоа. Доколку сте жена која размислува да го постави прашањето, немојте да се откажувате. Запросувањето е прекрасен чекор во врската. Кажете ѝ „Да“ на љубовта, а не на правилата што ги поставува општеството.

Доколку и вие планирате да ја однесете врската чекор подалеку, погледнете ги овие оригинални предлози за брак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар