Сопругот ѝ рекол на бремената сопруга која е веганка да јаде месо

Сопругот ѝ рекол на бремената сопруга која е веганка да јаде месо

На сите им е познато дека многу жени ги менуваат нивните навики за исхрана кога ќе останат бремени. Но една жена навистина се шокирала кога нејзиниот сопруг го побарал тоа од неа.

Сопругот ѝ рекол на бремената сопруга која е веганка да јаде месо

Жената побарала совет за нејзиниот проблем на родителскиот форум Mumsnet. Според нејзината објава, нејзиниот сопруг сметал дека месото е неопходно за здравјето на детето, па ѝ предложил да го јаде. Проблемот е што жената целиот живот бил веганка, исто како и нејзините родители и браќа. И сопругот одвреме-навреме бил веган, но не се придржувал строго кон овој начин на исхрана.

„Мисли дека месото е важно за детето да биде здраво и загрижен е за нивото на железо во крвта, иако никогаш сум немала проблеми со тоа“, изјавила трудница.

Барањето на сопругот навистина ја шокирало жената, па прашала дали тој претерува или неговата загриженост сепак е оправдана. Очекувано, корисниците на форумот имале поделено мислење, но повеќето ѝ дале конструктивни совети.

„Мислам дека можеби ќе ти биде лошо ако одеднаш почнеш да јадеш месо. Не дозволувај сопругот да ти ја диктира исхраната. Единствен исклучок е ако ти почувствуваш желба за месо.“

Некои од корисниците сметале дека најдоброто решение е да се консултира со нутриционист, кој ќе ѝ помогне да одлучи што е најздраво и најдобро за неа и нејзиното дете.

„Кажи му на сопругот дека нема право да ти кажува што да јадеш. Тој може да се грижи за тебе и за детето и за тоа кои хранливи материи ви се потребни, но нив можеш да ги добиеш дури и ако си веган.“

Некои луѓе ја советувале редовно да го проверува нивото на железо во крвта за да се осигури дека бременоста е во ред.

Според мислењето на лекарите, од голема важност е во текот на бременоста жените да се хранат разновидно за да ги овозможат сите потребни хранливи материи за растот и развојот на детето. Но доколку не јадете месо, можете да внесете железо со помош на јајца, мешунки, зелен лиснат зеленчук или сушено овошје, особено кајсија.

Добар извор на калциум за веганите повторно се зелениот лизнат зеленчук, сушеното овошје и мешунките, но и интегралниот леб, тофуто, семињата и јаткастите плодови.

Погледнете што всушност треба да јадете кога сте бремени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар