Марија Кири е прогласена за највлијателната жена во историјата

Марија Кири е прогласена за највлијателната жена во историјата

Полско-француската физичарка и хемичарка Марија Кири е прогласена за највлијателна жена во целата историја според анкета спроведена од страна на BBC.

Марија Кири е прогласена за највлијателната жена во историјата

Читателите на списанието „History“ на BBC ја ставиле Кири на првото место на листата со жени кои го промениле светот. Причината е што Марија е првата личност која освоила две Нобелови награди (за физика во 1903-та и за хемија во 1911-та година) и поради нејзините истражувања за радиоактивноста, збор кој го смислила таа.

Наскоро во Велика Британија се прославуваат 100 години од добивањето на право на глас на жените и во ек е подобрата застапеност на жените во општествата, како и намалувањето на разликите во платите помеѓу половите.

На второто место се наоѓа американската активистка Роза Паркс која одбила да го отстапи нејзиното место во автобусот за белец. На овој начин таа ја поттикнала борбата за правата на црнците во Америка.

На трето место се наоѓа британската активистка Емелин Панкхерст која е заслужна за добиеното право на глас на жените.

Англиската математичарка и пионерка во програмирањето Ада Ловлејс е четврта, а британската хемичарка Розалин Френклин која придонела во разбирањето на молекуларната структура на ДНК се наоѓа на петтото место.

„Овој попис е тестамент за жените низ историјата кои и против сите верувања имале неверојатни достигнувања“, изјавила Хинали Пател, портпаролката на британското здружение за правата на жените.

Некои луѓе сметаат дека изборот е можеби контроверзен. Тие се прашуваат дали Маргарет Тачер навистина го заслужува 6-тото место на листата, а принцезата Дијана 15-тото. Исто така на многумина не им се допаѓа што Еленор Аквитанска, моќната жена на кралевите Луј VII и Хенри II е на 11-тото место, додека Дева Марија се наоѓа на 12-тото.

Прочитајте и нешто повеќе за 10-те жени кои го променија светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар