10 жени кои го променија светот

10 жени кои го променија светот

Автор: Ана Петровиќ

Жените низ годините, со нивната храброст и одлучност се доказ дека не секогаш женскиот пол е и понежниот. Тешко е да се набројат сите жени кои придонеле денес да живееме подобро, бидејќи ги има во голем број, но следните десет жени се меѓу најважните личности кои оставиле голем печат на денешното човештво.

1. Флоренс Најтингел (Florence Nightingale)

Флоренс била позната медицинска сестра, а воедно и писател. Најтингел е првата жена која отворила служба за медицински сестри и вовела значајни реформи во санитарната служба, покажувајќи колку е хигиената важна за нега на ранетите и болните. Поради фактот што токму таа има спасено повеќе од илјада животи, во нејзина чест на 12-ти мај секоја година, на нејзиниот роденден се одбележува Светскиот ден на медицинските сестри.

1-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

2. Мери Шели (Mary Wollenscraft Shelley)

Откако го напишала познатиот роман, „Франкенштај“, кој бил шокантен за тоа време, Мери Шели поттикнала голем број морални дискусии во областа на науката и светот во кој живееме. Влијанието на нејзините книжевни дела се забележува и денес, посебно во областа на клонирањето и генетскиот инженеринг.

2-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

3. Марија Кири (Marie Curie)

Пионер во истражувањето на радиоактивните елементи и влијанието на радијацијата, Марија Кири е првата личност која освоила две Нобелови награди. Благодарение на нејзиниот труд, радијацијата почнува да се користи во полза на медицината и археологијата.

3-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

4. Емелин Панкхерст (Emmeline Pankhurst)

Голем борец за женските права и еден од основачите на Социјално-политичката унија на жени. Емелин, во историјата ќе биде запаметена по тоа што таа го обезбедила правото на глас на жените во 1919 година. Убиена е за време на еден од протестите.

4-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

5. Амелија Ерхарт (Amelia Earhart)

Жена-визионер, американска авијатичарка и втората личност која сама го прелетала Антлантикот. Ерхарт докажала дека жените не се само домаќинки и мајки, туку можат да бидат и истражувачи и авантуристи. Исчезнала во обидот да го прелета целиот свет, во 1937 година.

5-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

6. Елеонор Рузвелт (Eleanor Roosevelt)

Првата дама и сопруга на американскиот претседател Френклин Рузвлет, Елеонор многу допринела за основањето на Обединетите Нации и составувањето на Универзалната декларацијата за човекови права, која е од голема важност за целиот човечки род.

6-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

7. Мајка Тереза (Agnesë Gonxhe Bojaxhiu)

Жена со огромно срце и мисионер, којa ги научи луѓето на многу важни лекции за животот, мирот, почитта и љубовта благодарение на својата безгранична несебичност. Мајка Тереза има добиено Нобелова награда за мир во 1979 година.

7-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

8. Роза Паркс (Rosa Louise Parks)

Една од најголемите поборници за граѓанските права на американските црнци во текот на педесеттите години. Оваа смела кројачка одбила да го отстапи своето место во автобусот на белец, при што овој храбар подвиг предизвикал огромен бојкот и ја отворил вратата кон борбата за еднакви права.

8-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

9. Аун Сан Су Чи (Aung San Suu Kyi)

Ќерка на бурмански генерал, Аун е најголемиот борец и активист за правата и демократските избори во Бурма. Иако од неодамна е на слобода, по одлежување на куќен притвор скоро 10 години, нејзиното достоинство и волја за мирни протести не застанува. Добитник е на Нобелова награда за мир, а во 2011 година, според нејзината приказна е снимен филмот „Дама“ во режија на Лук Бесон.

9-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg

10. Опра Винфри (Oprah Winfrey)

Она најважното што го научивме од најголемата телевизиска дива и една од најбогатите жени е дека само со напорна работа и волја може да го промениме светот. Опра се смета за еден од најголемите светски хуманитарни активисти во денешно време.

10-10-zheni-koi-go-promenija-svetot.-kafepauza.mkjpg


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар