Мантра за среќа: Моќни зборови што привлекуваат радост и пари во животот

Мантра за среќа: Моќни зборови што привлекуваат радост и пари во животот

Мантрата не е волшебно стапче кое ги исполнува сите ваши желби, но овие зборови можат значително да го променат текот на вашиот живот. Кога се фокусирате на нешто во животот, можете да го постигнете тоа. Начинот на кој се однесувате кога ќе се најдете во непредвидливи околности, одредува дали ќе бидете херој или жртва на сопствениот живот. Овие зборови ќе ви помогнат да ги пребродите тешките моменти, ќе ве натераат да ја погледнете реалноста од друг агол и да започнете да го живеете животот за кој отсекогаш сте сонувале.

Мантра за среќа: Моќни зборови што привлекуваат радост и пари во животот

1. Јас сум херојот на својот живот

Секој ден носи со себе непредвидливи околности. Разочарувањето, лошите вести или што било друго може да ве погодат. Вие одлучувате како ќе реагирате на сето тоа.

Ако на секој проблем одговарате велејќи: „Јас сум херојот на својот живот“, ѝ испраќате порака на потсвеста дека сте ментално силни.

Да одлучите да бидете херојот на вашиот живот значи да си го поставите вистинското прашање кога ќе се појават проблемите. Запрашајте се што можете да направите за да го решите проблемот наместо да се сожалувате или да ја барате вината во некој друг.

Оваа мантра треба да ве потсетува дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот и неуспехот се ваш избор. Можете да постигнете сè што сакате, но прво треба да размислувате позитивно.

2. Имам доволно од сè

Бидете благодарни за сè што имате во моментов и трудете се да успеете да бидете материјално стабилни. Прифаќање на богатството што е околу вас, го буди заспаното богатство во вас.

Ако постојано се чувствувате богато, богатството сигурно ќе дојде кај вас. Богатството оди само кај оние што се благодарни за сè што имаат во овој момент.

Тоа е универзален закон. Богатството и недостигот се внатрешни состојби кои се манифестираат во вашата реалност. Подарете го она што го немате за да го добиете.

3. Ќе дозволам да ми се случуваат убави работи

Бидете отворени затоа што универзумот е полн со енергија што чека да тече низ вас. Сè што треба да направите е да бидете духовно отворени.

Колку повеќе ќе бидете отворени за позитивната енергија и за духовното изобилство, толку ќе бидете посреќни.

4. Нема да ги поистоветувам негативните мисли со срамот

Не постојат луѓе што никогаш не почувствувале гнев, љубомора, беда или лутина во текот на животот. Кога ги имате овие негативни чувства, важно е да ги препознаете, да ги разберете и да се потрудите да ги надминете, наместо да бегате од нив. Меѓутоа, важно е и да си простите себеси за тие чувства.

Прочитајте која е вашата мантра од еден збор според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар