Луѓето на Твитер споделуваат нешта кои сите татковци ги прават, а никој не разбира зошто

Има многу нешта што ние луѓето сѐ уште не можеме да ги разбереме: што имало пред големата експлозија со која настанала вселената, дали вештачката интелигенција во некој момент ќе нѐ победи и зошто сите татковци ги прекрстуваат рацете позади кога гледаат телевизија стоечки. Има многу вакви интересни мистерии за татковците, па луѓето почнаа да твитаат за нив. Иако повеќето од нив навистина личат универзални за повеќето татковци, сепак и понатаму остануваат неодговорени. Со наука можеме да објасниме многу појави, но ете за овие навики на татковците, дури ни простата рационалност нема одговор.

Луѓето на Твитер споделуваат нешта кои сите татковци ги прават, а никој не разбира зошто

Во чест на меѓународниот ден на татковците во недела, да се посмееме малку на нивна сметка. 🙂

„Зошто татковците нејќат да признаат кога спијат, со очите сосема затвори, туку викаат ‘не, не спиев, си ги одморав очните капаци’.“

„Зошто татковците мораат да киваат толку гласно? Што постигнуваат со тоа?“

„Зошто татковците мислат дека се попаметни од GPS?“

„Зошто татковците секогаш ги затресуваат кикиритките или бонбончињата m&m’s во рака пред да ги фрлат во уста?“

„Зошто татковците стално заспиваат на каучот?“

„Зошто татковците го сфаќаат правењето скара толку сериозно?“

„Зошто татковците секогаш гровтаат кога седнуваат?“

„Зошто татковците секогаш вака гледаат вести?“

Луѓето на Твитер споделуваат нешта кои сите татковци ги прават, а никој не разбира зошто

„Зошто татковците толку прдат?“

„Зошто татковците го исклучуваат радиото кога бараат место за паркирање?“

„Зошто татковците имаат толку дебели паричници?“

„Зошто татковците си го протриваат и потоа си го тапкаат стомакот после јадење?“

„Зошто татковците оставаат чорапи насекаде?“

„Зошто татковците стално имаат ситно во џеб?“

„Зошто татковците сметаат дека е неопходно да ги наместат седиштето и ретровизорот во автомобилот на нивното дете само за да го препаркираат?“

„Зошто татковците си имаат свое пенкало и одбиваат да користат кое било друго ако некој им понуди?

„Зошто татковците сакаат да ја пуштаат климата на најладно?“

Погледнете ги и овие 20 фотографии кои докажуваат дека татковците се најдобрите пријатели на девојките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар