Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем со кој се соочуваат многу градови во светот. Луѓето кои живеат во нив трпат многу негативни последици по здравјето и општо по квалитетот на животот. Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот предизвикува 8 милиони жртви годишно.

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород

Во борбата против овој огромен проблем, група научници измислиле вештачко дрво кое го претвора загадениот воздух во чист кислород. Ова е можеби најголемата шанса за спротивставување на загадувањето на воздухот и решавање на овој многу присутен проблем.

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород

Мотивирани од критичната ситуација со загадувањето на воздухот во Мексико Сити, група инженери, истражувачи и биолози од компанијата БиомиТек создале вештачко роботско дрво кое е дизајнирано да го подобри квалитетот на воздухот.

Дрвото за прочистување на воздухот се вика БиоУрбан и користи систем на филтрирање со микроалги кој го апсорбира загадениот воздух и продуцира чист, свеж. Инспириран од природата, БиоУрбан се базира на принципот на фотосинтеза кај растенијата, па тој ги вдишува загадените честички како јаглерод моноксид и азотни оксиди, а издишува чист кислород.

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород

Овие дрва имаат капацитет да опфатат 13.140.000 м3 воздух годишно. Го филтрираат воздухот со ефикасност од 99,7%, а едно дрво произведува чист кислород еквивалентно на 368 млади дрвја. Со други зборови, БиоУрбан произведува доволно чист воздух за 2.850 луѓе на дневна база.

Со оглед на проблемот во пренаселените места кои се борат со загадување на воздухот и фактот дека на природните дрвја им е потребно време за да пораснат, ова решение делува како соодветно, брзо и ефикасно.

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород

Уште подобро е што дрвата БиоУрбан немаат никакви негативни последици. Не произведуваат отпад, а во системот на прочитување користат алги кои веќе ги има во природата.

Според компанијата којашто ги произведува овие дрва, идејата не е БиоУрбан да ги замени природните дрвја, туку да ги надополни и да им помогне во прочистувањето на воздухот. Металната конструкција на овие дрва е висока 4 метри и веќе е инсталирана во Мексико, Колумбија и Панама, а и други градови чекаат да го имплементираат овој метод на прочистување.

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород

Што мислите, дали овие дрва навистина можат да го спречат загадувањето на воздухот? Дали би сакале да ги видите и кај нас?

Погледнете го и овој иновативен изум: Дрва што генерираат електрична енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар